Вечната стилска романса на генијалниот дизајнер Убер де Живанши и неговата харизматична муза Одри Хепберн има специјално место во модната и филмската историја.
Модниот свет тагува за смртта на Убер де Живанши, омилениот дизајнер на Одри Хепберн, кој е најпознат по креирањето на иконското „мало црно фустанче“ коешто таа го носеше во „Breakfast at Tiffany's“.