• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Среќна и самоуверена: Ана Ивановиќ блесна на шоуто на Victoria’s Secret по разводот со Швајнштајгер

17 октомври 2025, 07:23
  • cподели

Долгooчекуваното шоу на Victoria’s Secret го освои Њујорк и доби бројни аплаузи од љубителките на модата, меѓу кои и од Ана Ивановиќ.

Поранешната тениска ѕвезда беше една од гостинките на ревијата и покажа дека е подготвена за ново поглавје по неодамнешниот развод со фудбалерот Бастијан Швајнштајгер.

Ана, која е мајка на три деца, изгледаше среќно и самоуверено во кафеав долг фустан со отвор на стомакот која совршено ѝ ја истакна фигурата. Таа сподели фотографии и видеа од модниот спектакл, а сними и видео за Vogue Adria.

„Светла. Камера. Ангели“ – напиша Ана во описот на фотографијата на Instagram, каде што се заблагодари на Victoria’s Secret Србија за „неверојатното искуство и за сите спомени“.

Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ
View this post on Instagram

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

Ана, која пред речиси една деценија се повлече од професионалниот тенис, го следеше спектаклот од првиот ред. На пистата продефилираа светски познати модели како Адриана Лима, сестрите Џиџи и Бела Хадид, Џасмин Тукс, Ирина Шајк, Ешли Греам, Алесандра Амбросио и многу други. За музичкиот дел се погрижија ѕвездите Карол Џи, Медисон Бир, Миси Елиот и поп-групата Twice.

Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ шоуто на Victoria’s Secret

Ивановиќ и Швајнштајгер стапија во брак во јули 2016 година во Венеција и заедно имаат три синчиња. Во април оваа година, германското списание Bunte објави дека тие одлучиле да стават крај на брачниот живот, а таа вест ја потврди нејзиниот адвокат во јули. Ана сега живее со децата во Белград, а Бастијан во Минхен.

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер со децата Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер со децата

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.