• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Документарниот филм „Руини“ од 29 октомври во Синеплекс

27 октомври 2026, 15:19
  • cподели
Руини

По светската премиера на Шангајскиот интернационален филмски фестивал и македонската премиера на „МакеДокс“, долгометражниот документарен филм „Руини“, во режија и по сценарио на Елена Чемерска, од 29 октомври ќе се прикажува во киното Синеплекс. Филмот ќе се прикажува секој ден со почеток во 20:00 часот, а во недела ќе има две проекции, во 16:00 и во 20:00 часот.

„Руини“ е интимен документарен филм за личната и колективната меморија, загубата и наследството, во кој процесот на ревитализација на Споменикот на слободата во Кочани се претвора во патување низ сеќавањето и времето.

Враќајќи се во Северна Македонија за да го започне процесот на ревитализација на споменикот создаден од нејзиниот покоен татко, уметникот Глигор Чемерски, и од архитектот Радован Раѓеновиќ, Чемерска ги испреплетува архивските снимки и личните сеќавања со сегашноста на споменикот. Преку оваа лична приказна филмот ги отвора прашањата за загубата, наследството и исчезнувањето на некогаш споделениот општествен идеализам.

Руини

Филмот произлегува од долгогодишниот проект „Татковина: Споменик на слободата“, инициран од Чемерска во 2017 година, кој кулминираше со целосната реставрација на споменикот и неговите мозаици во 2024 година.

Светската премиера на „Руини“ се одржа на 14 јуни 2026 година, во натпреварувачката документарна програма на 28. Шангајски интернационален филмски фестивал.

„Руини“ е во продукција на Cinema Futura и Minimal Collective од Северна Македонија, во копродукција со Restart од Хрватска и POTEM од Словенија.

Не пропуштајте ја можноста да го погледнете филмот на големото платно и да се впуштите во филмско патување.

Руини
Tags
Руини

Најнови

  • Руини

    Документарниот филм „Руини“ од 29 октомври во Синеплекс

    Tue, 10/27/2026 - 15:19
  • Теа Таировиќ

    „Ми пукна крвен сад, стомакот ми беше полн со крв“: Теа Таировиќ од болнички кревет со огласи по итната операција

    Tue, 10/27/2026 - 15:04
  • Јасмина Јордева

    Македонката Јасмина Јордева истрча 100 километри низ Сахара, зад себе има 70 маратони и ултрамаратони

    Tue, 10/27/2026 - 14:24
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.