• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Ми пукна крвен сад, стомакот ми беше полн со крв“: Теа Таировиќ од болнички кревет со огласи по итната операција

27 октомври 2026, 15:04
  • cподели
Теа Таировиќ

Теа Таировиќ заврши на итна операција откако ѝ пукнал крвен сад во стомакот. Српската пејачка се огласи од болнички кревет и откри дека првично ги игнорирала болките, па дури и одбила хоспитализација по концерт во Франкфурт.

Во три видеа објавени на Instagram Stories, Теа им се обрати на обожавателите и ги извести дека поради здравствените проблеми извесен период ќе мора да се повлече од сцената.

Теа Таировиќ

Опишувајќи ја својата состојба, таа рече:

„Драги мои, голем поздрав за сите вас од болничкиот кревет, за жал. Сакам да ве известам дека, за жал, сигурно јас повеќе жалам одошто вие, нема да се дружиме извесен период поради моите здравствени проблеми.

Оперирана сум, се чувствувам добро, се надевам дека закрепнувањето ќе биде што е можно побрзо. Значи, ќе бидам добро, се опоравувам, ќе објаснам што се случило за да нема измислици и додавање дијагнози. Пред сè, сакам да кажам дека ова е големо предупредување за мене, а може да биде и порака за некој што го гледа ова дека мора да го слушате своето тело и да се грижите за него.

Во неделата утрото, на 25 октомври, ми пукна крвен сад во стомакот и секако многу сум виновна што ја игнорирав болката, го игнорирав моето тело, ги игнорирав пораките на моето тело дека треба малку да го намалам темпото, бидејќи отсекогаш сум верувала дека сум супержена, и сè уште верувам во тоа. Но, очигледно моето тело не се согласило сосема со тоа.

По концертот во Франкфурт, имав стомак полн со крв, дури и одбив да бидам хоспитализирана во Франкфурт, верувајќи дека не ми е потребно, дека сум добро. Се вратив во Белград, сега сум таму каде што сум, оперирана сум и дефинитивно е подобро така. Да ви кажам дека ми е жал, дека се надевам дека ќе се опоравам што е можно побрзо, затоа што пред сè треба да бидам здрава за себе, а потоа и на сцената, која е мојот живот и која е дел од мојата личност. Мислам дека таму треба да бидам најздрава и најспремна што може. Ве сакам.“
 

Теа Таировиќ
Tags
Теа Таировиќ

Најнови

  • Руини

    Документарниот филм „Руини“ од 29 октомври во Синеплекс

    Tue, 10/27/2026 - 15:19
  • Теа Таировиќ

    „Ми пукна крвен сад, стомакот ми беше полн со крв“: Теа Таировиќ од болнички кревет со огласи по итната операција

    Tue, 10/27/2026 - 15:04
  • Јасмина Јордева

    Македонката Јасмина Јордева истрча 100 километри низ Сахара, зад себе има 70 маратони и ултрамаратони

    Tue, 10/27/2026 - 14:24
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.