Кејт Мос гордо позираше со својата нова колекција чанти пролет/лето 2011 за брендот Longchamp. Погледнете ја колекцијата, како и фотографии од фотосесијата на Кејт Мос инспирирана од 70-тите.
Иако за 10 дена Синди Крафорд ќе наполни 45 години, нејзиното тело, нејзината кожа и нејзината моќ да ја освои камерата ниту малку не се промениле. Погледнете фотографии и видео од нејзиниот моден едиторијал за списанието FutureClaw.
Ким Кардашијан ќе го краси мартовското издание на списанието Harper's Bazaar. Таа за списанието направи фотосесија инспирирана од Клеопатра, а и ја интервјуираше легендарната Елизабет Тејлор.
Француската актерка Изабела Аџани е прогласена за најубава жена на филмското платно од весникот Los Angeles Times. Зад неа се најдоа легендарните Брижит Бардо, Ким Бесинџер и Моника Белучи, а на петто место остана Хали Бери.
Лејди Гага е единствената славна личност која успева повеќе да шокира кога е со облека отколку гола. Таа позираше гола пред објективот на познатиот фотограф Тери Ричардс за списанието Purple.
Голема е веројатноста „Сексот и градот“ да се врати на филмското платно. Но, ако се случи тоа, улогата на Кери Бредшоу нема да ја добие Сара Џесика Паркер, туку Блејк Лајвли.
Благодарение на телото на Ким Кардашијан и нејзиниот полугол тренер, рекламата за Sketchers ShapeUps беше најсексапилната реклама прикажана за време на Суперболот. А Еминем сними не една, туку две реклами кои беа прикажани вчера вечерта. Погледнете ги тука.
Најверојатно Ева Лонгорија реши повеќе да не ја крие врската со помладиот брат на Пенелопе Круз, 25-годишниот Едуардо. Една недела по финализирањето на нејзиниот развод, 35-годишната актерка беше фотографирана како разменува бакнежи со Едуардо на брод во Мајами.
Ќерката на Кејти Холмс и Том Круз и ќерката на Мадона се најдоа на врвот на листата на деца на славните со најмногу стил. Прочитајте кои се останатите славни деца и родители со најдобро чувство за стил.