• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Ема Вотсон е млада дама за списанието W

17 мај 2013, 12:37
  • cподели

Ема Вотсон е вистинска млада госпоѓица на насловната страница на списанието W. На корицата, 23-годишната ѕвезда изгледа прекрасно во сиво палто од модната куќа Луј Витон.

Ема Вотсон

За модниот едиторијал, Вотсон позираше пред објективот на Мајкл Томпсон, во дамска облека и модни додатоци од модни брендови како Шанел, Ердем и Марк Џејкобс.

Ема Вотсон

На прашањето дали првиот бакнеж го доживеала на снимање на филм, Ема одговорила: „За среќа, не. Отсекогаш сум била фасцинирана од Елизабет Тејлор и имам прочитано дека нејзиниот прв бакнеж се случил за време на снимање на филм, што малку ме растажи. Мораш да имаш свои нормални искуства. Никогаш не сум сакала да пораснам прерано: Сакав да носам спортски градник до 22-годишна возраст. Привлечноста на тоа да си секси никогаш не ме возбудувала. Никогаш не сум брзала да ме гледаат како жена.“

Ема Вотсон Ема Вотсон

Вотсон споделила кој бил првиот филм за кој се сеќава дека го гледала. „Pretty Woman. Имав 7 години, бев премлада. Тогаш започнав да ја сакам Џулија Робертс и американските филмови. Како дете, обожавав да сум на сцената. Сакав да пеам, ги сакав светлата, го сакав адреналинот.“

Шармантната „Хермиона“ открила дека од 12-годишна возраст до денес единствениот холивудски маж во кој била затрескана е актерот Кевин Костнер и дека толку била возбудена кога за првпат го сретнала, што не можела да одговори на неговото „Здраво“.

Моментално Ема се наоѓа во Кан каде го промовира својот најнов филм, „The Bling Ring“, во режија на Софија Копола.

Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон
Tags
Ема Вотсон

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.