Селена Гомез се разголи во фотосесија за „GQ“. 23-годишната пејачка позираше во костими за капење и летни комбинации за априлското издание на машкото списание.
Кели Кларксон по вторпат стана мајка. 33-годишната пејачка и сопругот Брендон Блексток пред два дена му посакаа добредојде на своето синче - Ремингтон Александер Блексток.
Гордата Викторија Бекам на Instagram сподели видео во кое најмалиот син Круз ги покажува своите вокални способности. Многумина го нарекоа „Мини Џастин Бибер“.
На Изабел Голарт воопшто не ѝ е потребен Фотошоп. Бразилскиот модел, кој соработува со Victoria’s Secret повеќе од 10 години, покажа дека е во врвна форма на плажа во Рио.