• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Џулија Робертс е „Најубавата жена на светот“ по ПЕТТИ пат

19 април 2017, 12:17
  • cподели

People ја прогласи Џулија Робертс за Најубава жена на светот за 2017 година. Холивудската ѕвезда со насмевка од милион долари по петти пат ја прими посакуваната титула и позираше за познатото списание.

„Возбудена сум. Многу сум поласкана“ – изјавила славната актерка, која и на 49 години сè уште плени со својата насмевка и харизма.

Џулија Робертс

Кога беше прашана каде се гледа себеси за 26 години, таа одговори: „75-годишна... Би сакала само да остарам грациозно и да ги гледам моите деца како растат, да ги реализираат нивните соништа, да ја пронајдат својата љубов во животот и се надевам дека ќе имаат семејства и мали суштества кои ќе можеме со Дени да ги разгалуваме. Токму за тоа е „зимата на животот“ – изјави Џулија и додаде дека едвај чека да стане баба.

Џулија е во брак со кинематографот Даниел Модер веќе 14 години. Тие заедно имаат три деца – 12-годишните близнаци Хазел Патриша и Фин Вoлтер и 9-годишниот син Хенри Даниел.

Џулија Робертс

Робертс за првпат беше прогласена за најубава жена во 1991, непосредно по премиерата на филмот „Pretty Woman“, кој ѝ донесе голема популарност.

1991 година: Џулија Робертс

Најубави личности според People

2000 година: Џулија Робертс

Најубави личности според People

2005 година: Џулија Робертс

Најубави личности според People

2010 година: Џулија Робертс

Најубави личности според People
Tags
Џулија Робертс

Најнови

  • 17-годишна девојка од Битола загина во сообраќајка, училиштата во кои учеше се збогуваат со неа со трогателни објави

    Mon, 09/21/2026 - 08:46
  • Трагедија: На 27-годишна возраст почина синот на Синди Крафорд во установа за рехабилитација

    Mon, 09/21/2026 - 07:46
  • „Престара за Лео Дикаприо“: Елена Ѓорговска го прослави роденденот во секси црвен стајлинг

    Sun, 09/20/2026 - 22:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.