• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Тие можеби имаат еден хромозом повеќе, но се поубави луѓе од нас“: Турски фудбалер за ќерката со Даунов синдром

11 ноември 2026, 11:10
  • cподели

Семих Ѓулер испрати силна порака за прифаќањето, еднаквоста и поддршката на лицата со Даунов синдром.

Турскиот фудбалер зборуваше пред камерите додека ја држеше во рацете ќеркичката Дефне, која има екстра хромозом. Тој сподели дека таа присуствувала на два натпревари на неговиот тим и дека двата завршиле со победа.

„Ќерка ми дојде на два наши натпревари и двата ги победивме. Ни носи среќа“ – рече насмеаниот фудбалер.

Ѓулер ја искористи можноста да зборува за значењето на раната едукација и поддршката за децата до Даунов синдром.

„Можеби имаат еден хромозом повеќе, но тие се поубави луѓе од нас. Сите деца со Даунов синдром треба да започнат со рана едукација. Да се грижиме за нашите деца и да ги сакаме, затоа што тие се сè за нас“ – порача тој.

Ѓулер и во посебна објава посветена на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром ѝ посвети емотивни зборови на својата ќерка, заблагодарувајќи ѝ се за безусловната љубов што ја подарува на целото семејство.

„Денес, 21 март, е Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

Моја прекрасна ќерко Дефне, ти благодарам од срце што безусловно ги сакаш брат ти, мајка ти и мене. Ти си нашето најдрагоцено богатство.

Дефне донесе огромна среќа во нашите животи. Благодарение на неа, секој ден одново сфаќаме колку животот е убав и колку е драгоцен.

Дауновиот синдром не е болест, туку генетска различност. Но, најважни во ова патување се раната едукација, соодветната поддршка и свесноста на општеството. Образованието што започнува уште од најрана возраст навистина го менува нивниот развој, комуникацијата, самодовербата и вклученоста во животот.

Токму затоа е многу важно да се подигне свеста за ова прашање. Тие се дел од животот, живеат заедно со нас и се рамноправен дел од нашето општество.

21 март – Светски ден на лицата со Даунов синдром.

За поголема свесност, разбирање и еднакви можности ❤️ – напиша тој.

Неговата искрена порака не остана незабележана. На следниот натпревар, навивачите на Кајсериспор истакнаа транспарент во знак на поддршка за малата Дефне, гест за кој Ѓулер јавно им се заблагодари.

Tags
Семих Ѓулер

Најнови

  • „Тие можеби имаат еден хромозом повеќе, но се поубави луѓе од нас“: Турски фудбалер за ќерката со Даунов синдром

    Wed, 11/11/2026 - 11:10
  • Стојанче Ангелов на 18-тиот роденден на ќерката: „На денешен ден ја пресеков папочната врвца на ќеркичката и ја одвоив од мојата сопруга“

    Wed, 11/11/2026 - 10:56
  • Бела Хадид има нова љубов, се прегрнуваше со саканиот Нејтан на хокејски натпревар

    Wed, 11/11/2026 - 10:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.