• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Бела Хадид има нова љубов, се прегрнуваше со саканиот Нејтан на хокејски натпревар

11 ноември 2026, 10:20
  • cподели

Бела Хадид повторно е заљубена.

Познатата манекенка за првпат јавно сподели фотографии на Instagram со новиот партнер Нејтан Лејси и покажа колку ужива во негово друштво.

Двојката проследи натпревар на хокејскиот тим Colorado Avalanche, организиран во соработка со иницијативата Hockey Fights Cancer, посветена на поддршката на борбата против ракот.

На фотографиите двајцата изгледаат расположено и опуштено, а си разменуваат и нежности. Атрактивниот модел сподели и неколку кадри од атмосферата на натпреварот.

„Ајде, Авс!!! 🏒

Оваа сабота имаше особено значење. 🫶 Беше посветена на поддршката на иницијативата Hockey Fights Cancer. Им благодарам на Colorado Avalanche што ја користат моќта на спортот за нешто многу поголемо од резултатот на семафорот.

Hockey Fights Cancer е прекрасен потсетник за тоа што може да направи една заедница кога ќе се обедини – собирајќи средства за истражување на ракот, а истовремено оддавајќи почит на луѓето и семејствата во Колорадо чии животи биле погодени од оваа болест.

За сите кои се бореле, за оние кои сè уште се борат, за оние кои ги загубивме и за нивните најблиски кои се покрај нив на секој чекор. Оваа вечер беше посветена на вас и многу ми е мило што имав можност да бидам дел од неа! 💜

Отсекогаш сум го сакала хокејот, уште од времето кога живеев во Њујорк. А бидејќи во срцето секогаш сум девојка од Колорадо, каде што пораснав уште од мала, претпоставувам дека беше само прашање на време кога ќе завршам на натпревар на Colorado Avalanche. 💜

Без разлика на тоа каде се наоѓате во светот, срцето, борбениот дух, заедништвото меѓу соиграчите, страста на играчите и неверојатната, безрезервна (во најдобра смисла на зборот) лојалност на навивачите се нешто најфасцинантно што можете да го доживеете во живо кога станува збор за хокејот!

(А кога ќе ги соблечат ракавиците … и тоа понекогаш е забавно за гледање 🤭😂).

Но, навистина, има нешто посебно во можноста да бидете зад заштитното стакло и да гледате спорт што обединува цела заедница.

Најдобрата вечер досега!!! 🏒🥶🌭🏆🏒“ - напиша 30-годишната манекенка.

Но, новото момче не беше единственото изненадување кое го приреди Бела. Таа се појави со сосема поинаква боја на коса, впечатлива платинесто руса нијанса.

Сепак објасни дека не станува збор за вистинска промена, туку за перика избрана специјално за оваа пригода.

„Да дечки, беше перика од Халовин. Бев премрзелива за да си ја средам косата“ - сподели Хадид.

За врската на Бела и Нејтан се шпекулира уште од февруари годинава, кога за првпат беа забележани заедно за време на Модната недела во Милано. Тој потекнува од Колорадо и е брат на Рејчел Лејси, блиска пријателка на Бела.

Нивната заедничка објава доаѓа неколку месеци по информациите дека Хадид ја прекина двегодишната врска со професионалниот јавач на коњи Адан Бануелос. Двајцата се запознале во 2023 година на коњички натпревар во Тексас.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Tags
Бела Хадид

Најнови

  • Бела Хадид има нова љубов, се прегрнуваше со саканиот Нејтан на хокејски натпревар

    Wed, 11/11/2026 - 10:20
  • Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова префинета дама на средба со Емануел и Брижит Макрон во Париз

    Wed, 11/11/2026 - 09:08
  • Нина и Нино Карас

    „Почнавме со македонски ора, продолживме со ексју хитови, а завршивме со рок“: Свадбата од соништата на Нина и Нино Карас во Скопје

    Wed, 11/11/2026 - 00:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.