• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова префинета дама на средба со Емануел и Брижит Макрон во Париз

11 ноември 2026, 09:08
  • cподели

Гордана Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на свечена вечера во Елисејската палата во Париз, организирана од францускиот претседател Емануел Макрон во чест на шефовите на држави и влади, во рамките на Парискиот мировен форум.

На средбата со францускиот претседател и неговата сопруга Брижит Макрон, Сиљановска-Давкова се појави во префинет стајлинг со бисери, а фотографиите од свечената вечер го доловуваат дипломатскиот амбиент во една од најпознатите резиденции во светот.

Во пријателска атмосфера, разговорите од Форумот продолжија и за време на вечерата, со осврт на важни глобални теми – мирот и геополитиката, животната средина, новите технологии, како и иднината на Европската Унија.

„Со задоволство вчеравечер, во Елисејската палата, присуствував на свечената вечера што во чест на шефовите на држави и влади ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, кој е иницијатор на Парискиот мировен форум.

Во пријателски амбиент, разговорите од Форумот продолжија, со осврт на дел од темите за коишто дискутиравме: мирот и геополитиката, животната средина и новите технологии, како и иднината на ЕУ“ – напиша македонската претседателка.

ВИДЕО:

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Сиљаковска-Давкова присуствуваше и на отворањето на Парискиот мировен форум, а имаше свое обраќање на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gordana Siljanovska Davkova (@gordana_siljanovska_davkova)

Tags
Гордана Сиљановска-Давкова
Емануел Макрон
Брижит Макрон

Најнови

  • Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова префинета дама на средба со Емануел и Брижит Макрон во Париз

    Wed, 11/11/2026 - 09:08
  • Нина и Нино Карас

    „Почнавме со македонски ора, продолживме со ексју хитови, а завршивме со рок“: Свадбата од соништата на Нина и Нино Карас во Скопје

    Wed, 11/11/2026 - 00:00
  • Празнична реклама за Кира

    Мало момче бара дом за напуштено куче во празнична реклама која ги разнежи љубителите на животни

    Tue, 11/10/2026 - 21:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.