Стојанче Ангелов на 18-тиот роденден на ќерката: „На денешен ден ја пресеков папочната врвца на ќеркичката и ја одвоив од мојата сопруга“
Ќерката на Стојанче Ангелов прослави полнолетство.
Поранешниот генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција и актуелен директор на Дирекцијата за заштита и спасување сподели фотографија со ќерката Сара и сопругата Јасминка и напиша:
„На денешен ден, во 2008 година, ја пресеков папочната врвца на ќеркичката Сара и ја одвоив од мојата прекрасна сопруга Јасминка Ангелова.
Денес Сара наполни 18 години.
Времето лета. Навистина лета“.
Пред неполни два месеци, Ангелов го прослави својот 54-ти роденден на одмор со сопругата.
„Најпосле! Неколкудневен летен одмор.
Од денес се чувствувам како да имам 54!
Ви благодарам за роденденските честитки.
Бидете живи и здрави!“ – напиша тој.
Стојанче со сопругата Јасминка заедно ги имаат ќерката Сара и синот Марко, а двајцата имаат и по една ќерка од претходните бракови.