Џенифер Лоренс и Дарен Аронофски се зближија на снимањето на „mother!“, а на премиерата на филмот во Њујорк за првпат позираа заедно пред фоторепортерите.
Стивен Тајлер беше специјален гостин на хуманитарна гала во Рим, Италија. 69-годишниот пејач на Aerosmith беше придружуван од својата девојка Ејми Престон.
Доналд и Меланија Трамп присуствуваа на церемонија во дворот на Белата куќа, за одбележување на 16-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, и со едноминутен молк им оддадоа почит на загинатите.