• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Еве кои македонски филмови ќе бидат презентирани на Канскиот фестивал

10 мај 2018, 11:35
  • cподели

Македонија годинава го има најплодното учество на филмскиот фестивал во Кан. Во официјалната конкуренција ќе се натпреварува копродукцијата „Дивата Круша“ на режисерот Нури Билге Џејлан, а на филмскиот маркет ќе бидат презентирани два долгометражни „Ефектот на среќата“ на Борјан Зафировски и „Дедо и внук“ на Илија Пиперковки, како и два краткометражни филмови „Една“ и „Готлиб“.

Нашата земја ќе биде присутна и со промотивен штанд во рамките на павилјонот на државите од Југоисточна Европа, а во вчерашните изданија на списанието „Холивуд репортер“, Агенцијата за филм пласираше и промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови.

Прв на филмскиот маркет на Канскиот фестивал ќе биде прикажан македонскиот игран филм „Ефектот на среќа“ (The Happiness effect) на 14 мај со проекција во Palais B на која ќе присуствуваат реномирани агенти, дистрибутери и продуценти од цел свет. Во „Ефектот на среќа“ главните ликови ги толкуваат Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска додека во останатите улоги се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.

Ефектот на среќа

Режисерот Зафировски го напиша сценариото заедно со познатиот драматург и писател Дејан Дуковски. Продукцијата е на „Ново Македонско Видео“, а најголемиот дел од буџетот е обезбеден од Агенција за филм на Република Македонија. Копродуценти се „Њу Момент“, и националните филмски фондови на Србија, Косово и Црна Гора.

Ефектот на среќа Ефектот на среќа

Тизер за „Ефектот на среќа“

Во текот на истиот ден ќе биде прикажан и филмот на Илија Пиперковски „Дедо и внук“. За копродукцискиот проект меѓу Турција, Македонија, Франција, Германија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Шведска „Дива Круша“ е особено голем успех прикажувањето во официјалната филмска конкуренција. Неговата проекција е закажана за 18 мај.

Македонски филмови на Кански фестивал Македонски филмови на Кански фестивал

Канскиот филмски фестивал почна на осми мај со премиерата на „Todos lo Saben“ на иранскиот режисер Асгар Фархади во кој играат Пенелопе Круз и Хавиер Бардем. Големата манифестација ќе трае до 19 мај кога ќе биде прогласен и победникот на највисокото признание, Златната палма.

Tags
Кански филмски фестивал 2018
Ефектот на среќа

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.