Елизабет Харли го откачила својот љубовник Шејн Ворн затоа што пронашла околу 100 секс пораки кои тој ѝ ги испраќал на друга мажена жена. Елизабет потоа барала прошка од својот сопруг, но залудно.
За Бритни Спирс прославата не завршува. По враќањето од романтичниот одмор со Џејсон Травик организиран по повод нејзиниот роденден, 29-годишната пејачка го украси својот мултимилионски имот со илјадници сијалички и различни божиќни декорации. Погледнете како изгледа нејзината куќа.
Излезе и првиот трејлер за новиот филм на Роберт Патинсон и Рис Витеспун, „Water For Elephants“. Филмот ја следи приказната за еден циркус и забранетата љубов на Патинсон и Рис Витерспун. Погледнете го видеото.
43-годишната Памела Андерсон по рекорден 13-ти пат се најде на насловната страна на списанието „Плејбој“. Погледнете како изгледа русокосата секс бомба.
Дел од новата женска колекција на Том Форд се најде на страниците на јануарското издание на списанието W, а Лара Стоун е моделот кој ги претстави креациите. Погледнете ги фотографиите.
Се појавија фотографиите од новата кампања на Версаче за сезоната пролет/лето 2011. Природно убавата Џенуари Џонс позираше целосно гола, само со стратешки поставена чанта и обувки. Погледнете ги овде.
Уште една холивудска двојка реши да се раздели пред празничната сезона. Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс одлучија да му стават крај на својот двегодишен брак. Разделбата ја иницирала 26-годишната актерка поради тоа што поминувале премногу време разделени.
Шпанскиот заводник Енрике Иглесијас на неколку концерти има покането обожавателки на сцена и ги има изненадено со нежен бакнеж в уста. Познатиот пејач објасни дека го прави тоа само кога е во добро расположение и дека неговите бакнежи никогаш не вклучуваат јазик.
Оскаровката Гвинет Палтроу доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. 38-годишната актерка вчера беше почестена со 2427-та ѕвезда на булеварот Холивуд.