• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Победете ги грипот и настинката со помош на исхраната

25 ноември 2010, 11:54
  • cподели

Најдобриот начин да ги избегнете грипот и настинката е да го зајакнете својот имунитет преку здрава исхрана, вежбање, добар сон и намалување на стресот.

За жал, ретки се оние кои имаат толку силен имунитет за да ги поминат зимските месеци без да се соочат со грип или настинка. Досадните симптоми може да се појават кога најмалку ги очекувате и да ви причинат дополнителна нервоза. Никој не сака да се разбуди со затнат нос и болно грло, но вирусите не чекаат покана.

Настината женаХраната може да ви помогне да ги ублажите симптомите на грипот или настинката

За да се борите против грипот и настинката, не треба да посегнувате по антибиотици. Наместо тоа, насочете се кон кујната за да ги олесните симптомите.

Лук и кромид

Лукот можеби не е добар за вашиот здив, но сигурно е добар за вашето здравје. Тој се употребувал како лек уште многу одамна и често се нарекува природен антибиотик.

Лукот содржи витамини Ц и Б6, како и многу минерали кои помагаат за зајакнување на имунитетот. Супстанцијата алицин која е присутна во лукот има антибактериско и антивирусно дејство.

Најдобро е лукот да го консумирате свеж, а не готвен. Излупете го и исечкајте го (или згмечете го) 15 минути пред консумирање за да извлечете максимум од него.

Исто како лукот, многу луѓе го избегнуваат и кромидот, но добро е познато дека и тој може да помогне при лекувањето на грип или настинка. Консумирајте го свеж во салата или како гарнир.

Лути пиперчиња

Ве измачува затнат нос? Обидете се да го излечите со помош на лути пиперчиња. Еден од најдобрите начини да си го олесните дишењето кога страдате од грип или настинка е да консумирате зачинета и лута храна.

Лутите пиперчиња ја содржат супстанцијата капсаицин којашто им го дава лутиот вкус. Истата таа супстанција помага за намалување на болката и за прочистување на синусите.

Ѓумбир

Се верува дека ѓумбирот може брзо да ја излечи настинката и да ја намали главоболката. Исто така, тој го затоплува телото и ја подобрува циркулацијата.

Истражувањата покажале дека ѓумбирот може и да ја намали болката, а несомнено го зајакнува и имунитетот. Најлесно е да го консумирате во форма на чај.

Мед

Слаткиот мед е одличен извор на антиоксиданси. Долго време тој се користи за лекување на болно грло и бактериски инфекции. Медот може да го намали кашлањето и да го намали воспалувањето на грлото.

Шеќерот што го ставате во чајот заменете го со мед и нема да зажалите (медот не треба да им се дава на деца под 1 година).

Пилешка супа

Експертите сметаат дека супата може да ги олесни симптомите кои се појавуваат како резултат на грипот или настинката.

Се смета дека позитивниот ефект на супата се должи на тоа што се консумира топла, па кога ќе се наведнете над неа за да ја јадете ќе се почувствувате подобро и ќе можете полесно да дишете. Други пак сметаат дека ефектот е емоционален – тоа што некој ви приготвува супа и се грижи за вас веднаш може да направи да се почувствувате подобро. Освен тоа, супата е течност и ја зголемува хидратацијата на телото. Во секој случај, топлата супа помага.

Многу топли течности

Кога сте болни, потребно е да консумирате што повеќе течности за да ја избегнете дехидратацијата. Ова правило е особено важно ако имате висока температура или симптоми како повраќање и дијареја.

Можете да консумирате вода и овошни сокови, но најдобро е да консумирате чаеви со мед. Тие ќе ви помогнат полесно да дишете и ќе го „омекнат“ грлото.

Солена вода

Плакнењето на грлото со солена вода ќе ви помогне полесно да се справите со симптомите како суво и болно грло.

Растворете половина кафена лажичка сол во една чаша топла вода и со течноста плакнете го грлото. Правете го тоа 4 пати дневно.

Можете да направите и раствор од топла вода, сок од лимон и мед. Оставете ја течноста барем 15 минути на собна температура, а потоа исплакнете го грлото.

Tags
грип
настинка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.