Мотоциклистот Христијан Бузалковски ја запроси девојката Елена, сподели фотографија од прстенот
Христијан Бузалковски ја запроси својата сакана.
Успешниот македонски професионален мотоциклист објави фотографија од моментот кога ја побара за жена својата долгогодишна партнерка Елена Атанасовска.
„После 7+1 години, официјално е ❤️“ - напиша спортистот.
Христијан сподели дека Елена му била најголемата поддршка низ годините, низ сите победи и порази. Во февруари, на нивна заедничка фотографија, Елена напиша: „Благодарна на Бога за секој твој успех, затоа што само Тој ги знае сите твои искушенија 💖“.
Запросувањето доаѓа само неколку недели по неговиот голем кариерен успех - освоената вицешампионска титула во FIM Europe STK1000.