„Некои луѓе никогаш не заминуваат“: Митко Јанчев се потсети на Тоше Проески и сподели заеднички фотографии од младоста
Деветнаесет години по заминувањето на Тоше Проески, Митко Јанчев со емотивна порака се потсети на големиот музичар, со кого беше многу добар пријател.
Градоначалникот на Кавадарци сподели лични спомени за Тоше, истакнувајќи дека зад огромниот талент и славата стоел човек со благородна душа, чија вредност не се мерела само преку музиката, туку и преку односот кон луѓето.
Некои луѓе никогаш не заминуваат… 🕊️❤️
Деветнаесет години поминаа, а спомените се живи, песните одекнуваат, а болката по твоето прерано заминување не избледува. Кога зборувам за тебе, не зборувам само за големиот уметник што го сакаше целиот Балкан, туку пред се за блискиот другар, за човекот со големо срце, искрена насмевка и душа исполнета со добрина.
Твојата музика, твојата хуманост и твојата човечност оставија неизбришлива трага. Некои луѓе заминуваат прерано, но никогаш навистина не не напуштаат. Живеат во песните, во спомените и во срцата на сите што ги сакале.
Твоето дело е вечно, а споменот за тебе бесмртен.
Со љубов, гордост и неизмерна почит, засекогаш ќе те паметиме. ❤️🕊️
Со своите песни и хуманитарни дела, Тоше остави длабок белег кај сите коишто го познаваа, како и наследство кое и денес ги поврзува генерациите. Неговото име продолжува да буди силни емоции и почит низ целиот регион.