Нина Ангеловска наполни 38 години.
Македонската претприемачка и поранешна министерка за финансии го прослави роденденот на летување со синчето Стефан, сопругот Виктор Станков и блиски пријатели.
Таа сподели серија роденденски фотографии и сподели по што ќе ја памети 37-мата година од својот живот.
Еден многу фотогеничен роденден 🥳
38-ми на број.
Последниве години кога ќе ме прашаат колку години имам секогаш се подзамислувам, секогаш се мислам меѓу претпоследните две години па пресметувам..
Не знам дали е до годините, дали е denial, или некоја нормална фаза 🙅♀️
Нина ги издвои моментите кои ја одбележаа нејзината 37-ма година и кои, како што вели, би сакала да ги памети и кога ќе има 80 години.
Што ќе памтам од мојата 37-ма година кога ќе имам 80? 🥳
👣 Стефан прооде
✍🏻застанав за да ја напишам приказната што со години ја носев во себе.
📖 …А таа приказна стана книга.
💌 Потоа почнаа да пристигнуваат вашите пораки...🥹
Goodbyes за Кина со Виктор кои ми паѓаа тешко..
Првите прошетки со holding hands 🥹❤️
Неколкуте месеци живот и искуства во Кина 🇨🇳
✈️ Долгите патувања со бебе до Кина…💆♀️
Илјадниците минути видео повици..
Стефан почна да зборува
Гушкањата што топат 🫠
Тантрумите кои ме учеа на трпение, флексибилност и креатива за превенирање и успешно менаџирање 💆♀️
Најголемите лекции за присутност и ценење на малите моменти ❤️
Виктор ја направи првата роботски асистирана операција во Македонија
Годинава добив и признание од Women in Tech за регионален импакт.. не знам дали ќе го памтам на 80 ама е worth to mention :)
Нина и Виктор стапија во брак во јули 2023 година, а Стефан се роди една година подоцна.
Неодамна, во интервју за Фемина, Нина сподели како е да се патува со мало дете.
Патување со тодлер е голем предизвик само по себе. Претходно имав искуство со долги летови до Кина, но тоа беше пред неколку месеци, а децата многу брзо се развиваат, напредуваат, менуваат. Па сега, иако мислев дека споредено со тие долги летови овој краток лет од 3 часа ќе биде далеку полесен, не испадна така. Стефан е сега тодлер кој не застанува, сака сè да види, да истражи и тешко е да се задржи на едно место - сподели Нина.
