• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ништо случајно“: Нина Ангеловска со прва книга за бизнисот, политиката, мајчинството и личните пресврти

18 мај 2026, 14:41
  • cподели
Нина Ангеловска

Искрено и лично сведоштво за патување низ бизнис-светот, политиката, лидерството, мајчинството и личните пресврти

Нејзиното име е едно од најпрепознатливите на македонската бизнис-сцена. Препознаена е како коосновач на „Grouper.mk“, првата платформа за групни попусти и една од водечките компании за е-трговија во земјата, меѓународно признат бизнис-лидер, доктор на науки и првата жена министер за финансии во Македонија.

Со оваа книга таа влегува подлабоко во својата приказна. Открива што значи да се создаде бизнис од нула, па сè до носење одлуки на највисоко ниво на државата. „Ништо случајно“ е искрено и лично сведоштво за патување низ бизнис-светот, политиката, лидерството, мајчинството и личните пресврти.

Од Издавачки центар ТРИ изјавија дека станува збор за сериозен проект и одлична соработка, додека Нина Ангеловска Станков на своите социјални медиуми го најави својот новитет означувајќи го пишувањето како „емоционален ролеркостер“. Сепак, таа одлучи да помине низ него и без задршки да зборува за својот живот, за кариерата и професијата.

Во 2018 г. Ангеловска Станков беше избрана на листата „30 под 30“ на „Форбс“, во 2019 г. беше именувана за една од седумте глобални амбасадорки на Е-трговија за жени на Конференцијата за трговија и развој на Обединетите нации (УНКТАД), а во 2023 година „Блумеринг Адрија“ ја вклучи во листата „Топ 50“.

Сите овие признанија и напорната работа за да стигне до нив, заедно со сите внатрешни борби, се вклучени во книгата.

Книгата е веќе во претпродажба, а по промоцијата која е најавена за 3 јуни, ќе биде во продажба во сите книжарници на ТРИ.

Tags
Нина Ангеловска

Најнови

  • dm

    dm и „Мама круг“ приредија Make-up & Glow Brunch – топло женско претпладне со кафе, нега и разговори

    Mon, 05/18/2026 - 15:21
  • ЕУ

    Писмо на лекарите до ЕУ: Погрешно е да ги изедначувате алтернативните производи без чад со традиционалните цигари

    Mon, 05/18/2026 - 15:02
  • Претера

    Дупер и Јанг Дади со нов хит: Македонските музичари во бокс ринг за девојка во спотот за „Претера“

    Mon, 05/18/2026 - 15:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.