Мај доаѓа со пресврти, силни емоции и моменти кога ќе си кажете: „Ова не го очекував… ама супер е.“
Месецов е врамен со две Полни месечини (на 1 и 31 мај) претворајќи го во редок и екстремно динамичен месец на „Сина Месечина“ кој дефинитивно нема да нè остави да се досадуваме.
Уште на првиот ден, Полната месечина во Скорпија ги вади на површина сите скриени желби, стравови и страсти. Ништо не може да остане под тепих. Љубовта станува поинтензивна, односите подлабоки, а тајните… излегуваат на виделина.
На 3 мај, Меркур влегува во Бик, па ќе почнеме да размислуваме попрактично, особено кога станува збор за пари, сигурност и лични вредности. Откако на 6 мај Плутон ќе премине во ретроградно движење во Водолија, ќе нè поттикне да се соочиме со длабоки промени, особено во пријателствата, плановите и иднината што ја градиме.
Средината на месецот носи свеж старт. Имено, на 16 мај Младата месечина во Бик отвора врата за нови почетоци поврзани со стабилност, финансии и самодоверба. Само ден подоцна, на 17 мај, Меркур влегува во Близнаци и одеднаш сите сакаат да зборуваат, флертуваат, договараат и да бидат на повеќе места одеднаш.
На 19 мај, Марс преминува во Бик и нè тера да се бориме за сигурност и резултати, додека Венера во Рак на истиот ден ја омекнува атмосферата и носи потреба за блискост, нежност и емоционална сигурност.
Со влегувањето на Сонцето во Близнаци на 21 мај, темпото се забрзува и ќе имаме повеќе комуникација, повеќе движење, повеќе случувања.
Најсреќни ќе бидат БИКОВИТЕ и БЛИЗНАЦИТЕ.
Во мај ништо не е случајно. Прашањето е дали сте подготвени?
| Датум | Случување |
| 1 мај | ☽ Настапува Полна месечина во Скорпија |
| 3 мај | ☿ Меркур влегува во Бик |
| 6 мај | ♇ Плутон преминува во ретроградно движење во Водолија |
| 16 мај | ☽ Настапува Млада Месечина во Бик |
| 17 мај | ☿ Меркур влегува во Близнаци |
| 19 мај | ♂ Марс влегува во Бик |
| 19 мај | ♀ Венера влегува во Рак |
| 21 мај | ☉ Сонцето влегува во Близнаци |
| 31 мај | ☽ Настапува Полна месечина во Стрелец |