• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – ЈУЛИ, 2025

1 јули 2025, 09:10
  • cподели

Јули ни носи вистински космички огномет, бидејќи планетите подготвуваат сцена за големи промени. Додека Сонцето плови низ нежните, сентиментални води на ракот до 22 јули, нашиот фокус е на домот, семејството и емоционалната сигурност. Сепак, под оваа мирна површина, се подготвува револуција.

Месецот започнува со преминот на Венера, планетата на љубовта и задоволствата, во разговорливиот близнаци, внесувајќи повеќе флерт, леснотија и љубов преку зборови. На истиот ден (4 јули), Нептун, господарот на илузијата и интуицијата, преминува во ретроградно движење, поттикнувајќи нејаснотии и духовни дилеми.

Најголемата вест е историскиот премин на иновативниот Уран во воздушниот знак близнаци на 7 јули, за првпат по повеќе од 70 години! Ова го означува почетокот на седумгодишен циклус кој ќе ги трансформира нашите идеи, комуникација, технологија и социјални врски.

Јули е сезона на ретроградни движења. Ретроградните Сатурн и Нептун во овен ќе нè поттикнат длабоко да ги преиспитаме нашите лични цели, идентитет и верувања. Меркур пак, кој станува ретрограден во драматичниот лав на 18 јули, носи потенцијал за его-судири, недоразбирања и враќање на стари љубовни приказни.

Најсреќни во јули ќе бидат РАКОВИТЕ и ЛАВОВИТЕ.

Датум Случување
4 јули♀ Венера влегува во близнаци
4 јули♆ Нептун преминува во ретроградно движење во овен
7 јули♅ Уран влегува во близнаци
10 јули☽ Настапува полна месечина во јарец
13 јули♄ Сатурн преминува во ретроградно движење во овен
18 јули☿ Меркур преминува во ретроградно движење во лав
22 јули☉ Сонцето влегува во лав
24 јули☽ Настапува млада месечина во лав
31 јули♀ Венера влегува во рак

Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

овен бик близнаци рак лав девица вага шкорпија стрелец јарец водолија риби

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.