• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – ЈАНУАРИ, 2022

1 јануари 2022, 14:15
  • cподели

Јануари ќе ни донесе нови почетоци, но и навраќање на стари љубовни проблеми и недовршени проекти.

Младата месечина ќе настапи на 2 јануари и ќе ги зголеми шансите да чуеме добра вест поврзана со кариерата или со машка личност која многу ни значи.

Во текот на цел месец, Венера, планетата на љубовта и хармонијата, ќе се движи ретроградно, носејќи во нашите животи бивши партнери или љубовни несогласувања за кои сме мислеле дека останале во минатото.

Меркур, планетата на комуникацијата, од 14 јануари до 4 февруари ќе се движи ретроградно, па очекувајте одложување на планови поврзани со патувања, конфликти поради недоразбирања и сл. Во втората половина на месецов неопходно е да бидеме повнимателни со важни документи и секоја порака која ја испраќаме да ја препрочитуваме барем по двапати. Ова е добар период да се фокусирате на веќе започнати проекти и да ги расчистите заостанатите обврски.

Најсреќни во првиот месец од годината ќе бидат ЈАРЦИТЕ и ВОДОЛИИТЕ.

Датум Случување
2 јануари☿ Меркур влегува во водолија
2 јануари☽ Настапува млада месечина во јарец
14 јануари☿ Меркур започнува да се движи ретроградно во водолија
18 јануари☽ Настапува полна месечина во рак
18 јануари♅ Уран преминува во директно движење во бик
20 јануари☉ Сонцето влегува во водолија
24 јануари♂ Марс влегува во јарец
26 јануари☿ Меркур со ретроградно движење влегува во јарец
29 јануари♀ Венера преминува во директно движење во јарец

Табела: најважните датуми за месец јануари и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

овен бик близнаци рак лав девица вага шкорпија стрелец јарец водолија риби

Најнови

  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • „Ги видов покриени... Зборувала, пријавувала, викала, никој не ја слушнал“: Мајка со гласен апел по трагедијата во Карпош

    Tue, 03/03/2026 - 12:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.