• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – ФЕВРУАРИ, 2025

1 февруари 2025, 11:25
  • cподели

Подгответе се за месец кој носи храброст, љубов, интуиција и нови шанси – време е да ја искористиме оваа енергија и да ги следиме нашите срца.

Февруари ни дава шанса за раст, зајакнување на односите и посветеност на личните цели. Ѕвездите конечно ни овозможуваат малку поголема стабилност, особено со тоа што Јупитер на 4 февруари го прекинува ретроградното движење во близнаци, носејќи подобра комуникација, појасни мисли и отворени можности за напредок на сите полиња.

Венера на 4 февруари влегува во овен, носејќи страст, брзи љубовни пресврти и смели романтични потези. Оваа енергија ќе нè мотивира да преземаме иницијатива во љубовта. Полната месечина во Лав на 12 февруари ќе нè охрабри да излеземе од сенка, да ги покажеме нашите емоции и да живееме и љубиме без страв.

На 14 февруари, токму за Денот на вљубените, Меркур влегува во риби, носејќи интуитивна комуникација, емотивни разговори и продлабочување на врските. На 18 февруари Сонцето преминува во риби, што ќе нè поттикне да се поврземе со нашата креативност, интуиција и емпатија.

Кон крајот на месецот, поточно на 24 февруари, Марс конечно завршува со своето ретроградно движење и почнува да се движи директно во рак, носејќи баланс, емоционална стабилност и обновена мотивација.

Февруари го завршуваме со моќната млада месечина во риби на 28 февруари, која отвора врата за нови почетоци, длабоки духовни осознавања и емотивно прочистување. Ова е време кога треба да се ослободиме од старите емоционални товари и да влеземе во март со свежа перспектива.

Најсреќни ќе бидат ВОДОЛИИТЕ, но и РИБИТЕ ќе бидат силно наградени од небесните тела.

Датум Случување
4 февруари♀ Венера влегува во овен
4 февруари♃ Јупитер преминува во директно движење во близнаци
12 февруари☽ Настапува полна месечина во лав
14 февруари☿ Меркур влегува во риби
18 февруари☉ Сонцето влегува во риби
24 февруари♂ Марс преминува во директно движење во рак
28 февруари☽ Настапува млада месечина во риби

Табела: најважните датуми за месец февруари и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

овен бик близнаци рак лав девица вага шкорпија стрелец јарец водолија риби

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.