• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2025

1 април 2025, 08:42
  • cподели

Април доаѓа со свежина што се чувствува длабоко – не само во воздухот, туку и во срцето. Планетарната сцена се смирува, а универзумот ни шепоти: време е да се ослободиме од застои и да зачекориме со самодоверба кон новите можности.

На 7 април Меркур го прекинува своето ретроградно движење во риби, носејќи ментална јасност, подобра комуникација и емоционална интелигенција. Ситуации кои ни беа конфузни сега добиваат нов тек. Интуицијата ни се изострува, а зборовите стануваат потопли.

На 13 април ќе имаме полна месечина која нè повикува на емотивна хармонија, стимулира нови врски и креира романси кои траат вечно. На истиот ден, Венера се буди од ретроградното движење, па соништа поврзани со љубовта, уметноста и задоволствата почнуваат да стануваат реалност.

На 16 април Меркур влегува во овен, носејќи ни импулсивност и одлучност. Време е за директни разговори, брзи одлуки и спонтаност.

Сонцето на 19 април влегува во стабилниот бик, поставувајќи фокус на сигурноста, сензуалноста и практичните аспекти од животот. Ова е време за уживање во малите нешта и за грижа за телото, домот и личните вредности. Ќе се цени стабилната љубов, реалните резултати и естетиката во сè што правиме.

Младата месечина на 27 април отвора прекрасен портал за нови почетоци во финансиите, љубовта и самовреднувањето. Ова е момент да засадиме семе кое со трпение ќе го гледаме како расте – било да е тоа нова врска, нов бизнис или нова доза верба во себе.

Венера го заокружува месецот со љубовна авантура, закачлива енергија и храброст да се направи првиот чекор. Љубовта станува игрива, директна и возбудлива.

Најсреќни ќе бидат ОВНИТЕ, но и БИКОВИТЕ ќе соберат значајни награди од космосот во април.

Датум Случување
7 април☿ Меркур преминува во директно движење во риби
13 април☽ Настапува полна месечина во вага
13 април♀ Венера преминува во директно движење во риби
16 април☿ Меркур влегува во овен
18 април♂ Марс влегува во лав
19 април☉ Сонцето влегува во бик
27 април☽ Настапува млада месечина во бик
30 април♀ Венера влегува во овен

Табела: најважните датуми за месец февруари и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

овен бик близнаци рак лав девица вага шкорпија стрелец јарец водолија риби

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.