Жените преферираат мажи кои изгледаат меланхолично, мажите повеќе мислат на секс, жените се попребирливи... Прочитајте неколку популарни тврдења за сексуалната привлечност, како и научните факти кои стојат зад нив.
Ново истражување покажа дека две третини од жените имаат излажано за својата тежина пред пријателите, партнерот или дури и пред својата мајка. Најголем дел од жените посакуваат да тежат помеѓу 51 и 57 килограми, да носат градник со големина 34С и да се високи помеѓу 167 и 172 сантиметри.
Кој дел од женското тело прво им паѓа в очи на мажите кога пред нив стои гола жена? Колку време мажите посакуваат да им трае сексот? Што би направиле мажите ако еден ден би имале женско тело? Дознајте ги одговорите на овие и неколку други прашања за мажите и сексот.
Кога порано ќе се започнеше дискусија за тоа кој пол повеќе изневерува, показалците веднаш беа насочени кон мажите. Но, денес играта се менува и веќе не може да се фрла топката со обвиненија само во полето на посилниот пол. Ново истражување покажа дека жените изневеруваат речиси колку и мажите.
Не можете да ѝ одолеете на желбата да видите што има ново на Facebook? Не се загрижувајте, не сте сами. Ново американско истражување покажало дека друштвените мрежи создаваат поголема зависност отколку цигарите и алкохолот.
Канадски истражувачи го потврдија она што многу мажи досега го тврделе: желбата за секс на жените кои се во врска со текот на времето се намалува, а желбата за секс на мажите останува иста. Прочитајте повеќе.
Што прават жените по раскинувањето? Ново истражување покажало дека жените не плачат дома јадејќи колачи и сладолед, туку започнуваат повеќе да се грижат за својот изглед и поминуваат повеќе време со пријателите. Прочитајте уште неколку заклучоци од истражувањето.
Среќните брачни парови 2 пати седмично водат длабок значаен разговор, имаат секс 2 пати седмично, се расправаат еднаш седмично, гледаат филм заедно дома 5 пати месечно... Дознајте кои се останатите состојки што влегуваат во рецептот за среќен брак.
Намалувањето на крвниот притисок можете да го додадете во списокот со здравствени бенефиции на црниот чај. Австралиско истражување покажало дека луѓето кои пијат три чаши црн чај дневно имаат понизок крвен притисок.
Нарцизмот е штетен за мажите. Ново истражување тврди дека мажите нарциси имаат повисоко ниво на кортизол, хормонот на стресот, коешто носи долгорочни последици врз здравјето.
Научниците открија дека цвеќињата навистина имаат „романтичен“ ефект врз жените. Тие тврдат дека жените го сметаат еден маж за попривлечен и се посклони да прифатат да излезат со него ако во околината има цвеќиња.
Пронаоѓањето на среќата е животна мисија на многу луѓе. За да ни го олесни трнливиот пат до среќата, Лео Борманис во својата нова книга собрал истражувања на 100 експерти по психологија. Прочитајте 12 практични совети кои ќе ви помогнат да бидете посреќни.