• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Факти за жените и раскинувањето

2 февруари 2012, 14:16
  • cподели

Завршувањето на врската е исклучително тежок и емотивен период. Истражување на сајтот YourTango покажало дека на 85% од луѓето им е тешко да го надминат раскинувањето и дека им е потребен период за „лекување на раните“.

Но, истото истражување разоткрило и неколку митови и факти за жените и раскинувањето. И покај тоа што е широко распространето сфаќањето дека по раскинувањето жените тагуваат со солзи на очите полнејќи се со колачи и сладолед, истражувањето покажало дека нема многу вистина во тоа.

Жена што плачеРаскинувањето е болно искуство за 85% од луѓето

Благодарение на одговорите на околу 1.300 учесници, истражувачите дошле до следниве заклучоци:

  • Храна за утеха: жените сакаат прво вино, а потоа чоколадо. Иако на филмовите разочараните жени се закопуваат во кофи со сладолед, истражувањето покажало дека првиот избор на жените по раскинувањето е всушност виното. Чоколадото застанало на второто место на листата со храна за утеха, а сладоледот доаѓа на петтото место, по здравата храна и солената храна.
  • Жените не се дебелеат по раскинување. И покрај грицкањето на чоколадо за утеха, најголем дел од жените не се дебелеат. Напротив, 84% се согласуваат дека раскинувањето е добра можност да си се посветат на себе и на подобрувањето на изгледот. 35% изјавиле дека раскинувањето ги мотивирало да се вратат во фитнес салата или да започнат нова диета. Само 7% од жените изјавиле дека ги покачиле своите килограми по болна љубовна разделба.
  • Жените му велат НЕ на сексот со бившиот. Дури 81% од учесничките се согласиле дека сексот со бившиот е лоша идеја. Најголем дел од жените сметаат дека ефективни тактики за закрепнување по раскинувањето се поминување повеќе време со пријателите, вежбањето и шопингот.
  • Пријателството со бившиот по раскинувањето не е толку добра идеја. На жените им се потребни неколку месеци за целосно да го заборават бившиот. Всушност, 55% од учесничките рекле дека им биле потребни неколку месеци за да го заборават целосно својот поранешен партнер. Повеќе од 75% се согласиле дека ако некоја чувствува дури и малку љубомора кога ќе го види бившиот со друга на Facebook, тогаш има сè уште чувства кон него. Најдобро е да има физичко, емотивно и дигитално растојание по раскинувањето.
  • Учесничките се едногласни: најлоши средства за преболување на бившиот се јадењето и сексот со него.
Tags
раскинување
мажи-жени

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.