• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Ја загуби ногата во несреќа, а сега истрча цел маратон 13 недели по породувањето и целта ја помина со бебето во раце

5 ноември 2026, 14:30
  • cподели

Ноел Ламберт го истрча маратонот во Њујорк само 13 недели по раѓањето на своето прво дете и докажа дека мајчинството и големите спортски предизвици можат да одат рака под рака.

Американската параатлетичарка со протеза на едната нога истрча неверојатни 42,2 километри, а на нешто повеќе од 27 километри, направи кратка пауза за да го надои своето тримесечно бебе. 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Noelle Lambert-Beirne (@noellelambert)

Потоа продолжи со трчање, а по патеката добиваше аплаузи и гласно бодрење од публиката. Пред финишот, повторно ја зеде својата ќеркичка во раце и со гордост заедно ја преминаа целта.

„ЈАС СУМ МАРАТОНКА!!!

Навистина никогаш не помислував дека еден ден ќе ги изговорам овие зборови. Само три месеци по породувањето. Со само седум недели тренинзи зад себе. Недоволно сон, плускавци од протезата и безброј кругови на атлетската патека, туркајќи ја Брeнли во количка. Не беше лесно, но се појавивме, издржавме и УСПЕАВМЕ!!

На мојот неверојатен и трпелив сопруг Марк, навистина не ќе можев да го направам ова без тебе. Ти благодарам што беше мојот водич и што заедно со мене ја помина оваа целна линија. Беше покрај мене на секој чекор од патот и неизмерно сум ти благодарна. Имаме огромна среќа што ја имаме нашата прекрасна ќеркичка, како и прекрасните родители кои нè бодреа и се грижеа за малата Брeнли за време на ова патување.

Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката и прекрасните зборови коишто ми ги упативте во изминативе неколку дена. Навистина сум преплавена од благодарност, љубов и радост. Срцето ми е полно и не можам доволно да ви се заблагодарам! ❤️

Благодарам на Maybelline што веруваше во мене и ми ја даде оваа можност! Ова беше еден од најубавите денови во мојот живот!

А на сите девојки од тимот на Maybelline – ми беше ЧЕСТ да трчам заедно со вас!! 💋🫶🏼“ - напиша спортистката на социјалните мрежи.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Noelle Lambert-Beirne (@noellelambert)

Ламберт е двократна американска параолимпијка. Во 2016 година, за време на летен одмор на островот Марта’с Вајнјард, таа ја загубила левата нога во несреќа со мопед.

Во тој период, била студентка на Универзитетот во Масачусетс Лоуел и активна играчка на лакрос. По несреќата, за време на рехабилитацијата, дознала дека многу млади лица со ампутирани екстремитети немаат финансиски можности да набават специјализирани спортски протези коишто им овозможуваат да трчаат, пливаат и да се занимаваат со други спортови.

Решена да им помогне да водат активен и исполнет живот, ја основала фондацијата „The Born to Run“, преку која се обезбедуваат спортски протези за млади лица со ампутации. Кога се вратила на првиот натпревар на универзитетот со спортска протеза, таа постигнала гол за нејзиниот тим.

Минатата година 29-годишната инспиративна девојка се омажи за својот сакан партнер Марк Биерн, кој ја запроси во 2023 година. Во февруари годинава ја споделија радосната вест дека очекуваат принова, а во август на свет пристигна нивната ќеркичка Бренли.

Ноел е и мотивациска говорничка, била учесничка и на Survivor, а нејзината животна приказна е вистинска инспирација. Останала активна и во текот на бременоста, не откажувајќи се од трчањето дури ни во последните денови пред породувањето. Таа трчала и кога била во 40-та недела од бременоста, а само 13 недели подоцна успеа да го истрча маратонот во Њујорк, што е уште еден доказ за нејзината истрајност, посветеност и неверојатна волја.


 

Tags
параатлетичарка
маратон

Најнови

  • Ја загуби ногата во несреќа, а сега истрча цел маратон 13 недели по породувањето и целта ја помина со бебето во раце

    Thu, 11/05/2026 - 14:30
  • „Додека ни палат 17-годишни деца како жртви на фемицид, ние се занимаваме дали жената е под надзор од мажот или не“: Реакции по трагедијата во Богданци

    Thu, 11/05/2026 - 13:33
  • Ирена, која беше жртва на семејно насилство: „Не чекајте жена да биде убиена за да ѝ поверувате! Не чекајте да има мртво тело за да реагирате!“

    Thu, 11/05/2026 - 12:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.