„Додека ни палат 17-годишни деца како жртви на фемицид, ние се занимаваме дали жената е под надзор од мажот или не“: Реакции по трагедијата во Богданци
Страшната трагедија во Богданци, во која 21-годишниот Виктор Гунтаров ја усмрти и запали 17-годишната Билјана Кириќ, а потоа си го одзеде сопствениот живот, предизвика бран од револт и остри реакции во македонската јавност.
Информацијата дека малолетната девојка претходно го пријавила насилникот во полиција за физички напад и закани по живот, а не била заштитена, дополнително ги разгоре барањата за институционална одговорност.
На социјалните мрежи постојано се редат јавни критики кон системските пропусти на МВР и Јавното обвинителство, посочувајќи дека ова е уште еден спречлив фемицид.
Еве дел од реакциите:
Адвокат Катерина Котеска
Денес ја одбројуваме 7 мата жртва на фемицид !🖤
Девојче од 17 години го изгуби животот откако претходно го пријавила насилното момче за физички напад.
Колку што ми е скршено срцето, толку сум револтирана!!!
Уште еден пропуст на институциите да заштитат жртва на насилство.
Овој пат малолетна.
Дете на нечии родители!
Нечија неостварена мајка, сопруга, баба на чеда кои никогаш нема да ги види.
И тоа во месец ноември, месецот на борбата против насилството врз жената и семејното насилство.
Пак ќе правите трибини од 20 души за да „се одбележи денот"?
Пак ќе држат филипики индивидуи по службена и партиска должност?
За срам и арам сме!
Додека ни палат 17 годишни деца како жртви на фемицид, ние се занимаваме дали жената е под надзор од мажот или не ,на социјалните мрежи!
Нека и е царство небеско, оти на земјата нема да го има никогаш, а на сите нас на душа!💔💔💔
Љупчо Златев
Убиеното девојче од Богданци со месеци било малтретирано од психопатот кој на крај го убил.
Нејзиното семејство со месеци пријавувало и се жалело… залудно… На крај?17 годишно девојче! 17 годишно дете! Живо запалено затоа што нашето регресивно, примитивно и заблудено општество ги учи младите психопатичња дека некого треба да стават под надзор!
Еве ви го надзорот на дело! Вака изгледа! Сите вие кои во изминатите денови бруете омраза против нас кои се спротиставуваме на оној примитивизам, сте креатори ваков надзор кој ни ги убива децата!
Човеколики ѕверови! Иконата зад вас не ве прави подобри луѓе, кога од устата бруете омраза…
Нека почива во мир ова детско лице, гледајте ја жртвата на вашиот примитивизам!
Ина Многуфина
Кој не го заштити девојчето од насилникот кога она барала помош, зборела на луѓе дека е под закани и имала докази и зошто тој бил на слобода? 17 годишно девојченце 🖤 место после Росица и Ивана да се свестиме каде живееме и меѓу каква багра, да се стегнат закони и МВР и ЈО да не бидат толерантни, ние броиме фемициди. Ние сме држава која не учи на грешките, се е "секое чудо за 3 дена", 35 години празни ветувања и глупи пресови. Колку е тешко да го наштимаш системот за насилници да идат у затвор или притвор?
Јанаки Митровски
Умоболните кои во неможност нити дома да го демонстрираат “машкиот надзор” за кој толку мечтеат, се надевам денес се срамат, ако бар минимум образ имаат.
Седумнаесетгодишна девојка, колку ќерка ми Аналена, во Богданци е свирепо убиена, па запалена од животно, срамота е да се нарече маж таков скот, кој потоа кукавица каква што очигледно е, си го одзел животот.
Оваа којзнае која епизода од серијалот Ноќен кошмар, во кој живеат незаштитените жени и девојки особено во руралните средини, е директна последица на квази мачо, Ендру Тејт wanna be нереализирани мажиња ала надзорников.
Нека си гледаат Амерички реални шоу-а, „ме нападна Матриксот бидејки сум супериорен маж” квази Алфа мажјак наратив и по можност нека се иселат таму.
Во земја, со дооолга традиција на силни жени, илинденки и партизанки, Сирма Војвода, Славка Чакаларова, Вера Ацева, Мирка Гинова, Ибе Паликуќа и Елпида Караманди НЕМА место нити САКАМЕ надзорници.
Македонската жена била, и е силна, независна жема, посветена мајка и сопруга за оние кои сакале да се реализираат во таа улога долго пред по земјава да хараат надзорничиња и машки отпадоци.
Чукнете тоа главите, сакајте си ги жените, мајките и сестрите и НЕ потпаѓајте на наративи кои за нас се страни.
Лесна и земја на починатата девојка и сочувство до семејството!!!
Умејр Муамеди
ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ ИМАЛА ПРЕТХОДНИ ПРИЈАВИ:
УБИЕНАТА БИЛЈАНА СО МЕСЕЦИ БИЛА МАЛТРЕТИРАНА:
УБИЕНАТА БИЛЈАНА ПОСТОЈАНО ПРИЈАВУВАЛА!!
Да, да, пријавувала и како и секогаш институциите молчеле и за овој случај.
Зошто Обвинителството не побарала притвор?
Тука има сериозни пропусти и мора да има ОДГОВОРНОСТ. А во меѓувреме треба сериозно да размислиме и за ПРОТЕСТИ. Тука веке никој не е безбеден, исто и по моите 5 пријави досега не е постапено..
Којзнае колку жени пријавуваат насилство, којзнае колку жени се плашат да пријавуваат, којзнае колку жени се откажале, бидејќи нема реакција од институциите.
Ана С. Глас
ДО КОГА ЌЕ ГИ БРОИМЕ МРТВИТЕ ЖЕНИ, А ВИЕ ЌЕ БРОИТЕ ПРОЦЕДУРИ?
Искрено, веќе ми стана банално секојпат кога ќе изгубиме уште една жена да ги повторуваме истите зборови. Сочувство, осуда, барање одговорност… и повторно ништо!Овојпат 17-годишно девојче. СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ! Според објавените информации, претходно имало пријава за насилство. И повторно се поставува прашањето: КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ЈА ЗАШТИТИ?Абе, институции, дали имате совест? Ви доаѓаат жени со пријави, со докази, со страв, со молби за помош. И што правите? Чекате да биде предоцна?
Ве прашувам: Дали нечија ќерка, сестра или мајка треба да заврши во црна хроника за конечно да почнете да си ја работите работата?
А вие што зборувате за машка контрола врз жените, еве ви ја реалноста! Жената не е ничија сопственост. Љубомората не е љубов. Контролата не е љубов. Насилството не е љубов!И родителите, разговарајте со своите деца. Учете ги синовите дека жената не е предмет што можат да го поседуваат, контролираат или казнуваат затоа што некој одлучил да си замине.
СРАМ ДА ВИ Е НА СИТЕ ШТО МОЛЧИТЕ И НА СИТЕ ШТО НЕ СИ ЈА ВРШИТЕ РАБОТАТА!
Не ни требаат уште прес-конференции, празни ветувања и политички говори. Ни требаат институции што ќе реагираат ПРЕД да има жртва, а не откако ќе биде предоцна.
Не знам веќе како ќе одиме напред. Но знам дека вака повеќе не може!
ЕДНО 17-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ЗАСЛУЖУВАШЕ ДА ЖИВЕЕ. НЕ ДА БИДЕ УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ ВО СТАТИСТИКАТА!
Викторија Лоба
Ја гледам нејзината фотографија и немам зборови. Само болка и бес. Билјана требаше да биде заштитена. Многу промени мора да се направат и тоа под итно за ова да е последна трагедија. 💔
Сандра Кирков
До пред некој саат гледавме како се дава медиумски простор на луѓе што воопшто не заслужуваат да бидат ни видени ни чуени.
А само ден подоцна, уште еден фемицид. Убиено 17 годишно девојче. Убиено па запалено!💔
И навистина, на што посветуваме внимание во оваа држава а што упорно игнорираме? Каде се институциите кога девојчево барало помош, пријавило закани и се плашела дека животот и е загрозен? Зошто реагираме дури кога ќе биде предоцна? 🕒
Додека трошиме медиумски простор на небитни, да не речам одвратни луѓе, девојчиња ги губат животите затоа што системот не ги заштитил. Не ни требаат уште прес-конференции, празни ветувања и тридневно згрозување и жалење. Ни требаат одговорни институции, функционално МВР и Јавно обвинителство што ќе постапуваат навреме и без толеранција кон насилниците. Доста е да броиме фемициди. Доста е институциите да се будат кога веќе нема кого да спасат. А што е најстрашно, не се ни разбудиле.
Почивај во мир малечка 🕊️🤍
Ерина Богоева
МВР се огласи со соопштение за трагедијата:
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко моторно возило, во чија близина има безживотно тело.
Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот.
За настанот веднаш е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот.
Претходно, на 01.10.2026 во 01:30 часот од страна на Џ.К.(46) во Гевгелија е пријавено дека на 30.09.2026 околу 21:00 часот по претходна вербална расправија помеѓу неговата 17-годишна ќерка и В.Г.(21) кои биле во љубовна врска, во семејната куќа на В.Г. во Богданци, физички ја нападнал неговата малолетна ќерка и и биле упатувани закани по живот, доколку си замине од куќата, при што В.Г. и го оштетил мобилниот телефон со цел да не може да повика полиција. Во даден момент малолетничката успеала преку прозорецот да се оддалечи од куќата, при што и била пружена помош од случајни минувачи кои повикале полиција и истата била пренесена во Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија.
За настанот бил известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и составен бил Записник за примање на пријава за сторено кривично дело „телесна повреда" по член 130 став 2 од Кривичниот законик.
Од страна на полициски службеници од ОВР Гевгелија на 01.10.2026 во 01:09 часот В.Г.(21) е лишен од слобода и извршен бил службен разговор.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија на 14.10.2026 поднесе кривична пријава против В.Г.(21) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.