Американската параатлетичарка Ноел Ламберт со протеза на едната нога истрча неверојатни 42,2 километри, а на нешто повеќе од 27 километри направи кратка пауза за да го надои своето тримесечно бебе. На финишот повторно ја зема својата ќеркичка во раце и со гордост заедно ја преминаа целта.