Истражувачите тврдат дека пиењето кафе го подобрува мислењето кај жените кога се под стрес, но им го поматува помнењето на мажите и тие побавно донесуваат одлуки.
Научниците ни даваат уште една причина плус за да ги сакаме високите потпетици. Тие тврдат дека високите штикли помагаат за подобро обликување и тонирање на листовите на нозете.
Aмериканско истражување покажа дека дури 30% од луѓето извршуваат т.н. „финансиско неверство“, односно кријат пари од партнерот, имаат тајна банкарска сметка, кријат долг или пак не се искрени за тоа колку заработуваат.
Алкохолот влијае на способноста на мажите и жените да ја оценат атрактивноста на претставниците на спротивниот пол, тврдат научниците. Австралиско истражување покажало дека секој четврти човек ги смета другите за попривлечни откако ќе испие неколку чаши алкохол.
Бракот го подобрува здравјето, го подобрува расположението и го продолжува животот, велат научниците. Единствениот услов за да биде тоа навистина така е сопружниците да се сакаат и да се поддржуваат еден со друг.
Ако сакате цел ден да бидете насмевнати и да зрачите со позитивна енергија, не го избегнувајте утринскиот секс. Британско истражување покажало дека паровите кои имаат секс наутро се чувствуваат среќни во текот на целиот ден.
Над 50% од мајките сметаат дека не поминуваат доволно квалитетно време со своите деца и чувствуваат дека можат да направат многу повеќе во одредени области на животот.
Новите парови кои комуницираат преку Facebook или преку SMS-пораки порано започнуваат да имаат сексуални односи, а 72% од жените ги проверуваат профилите на поранешните девојки на својот партнер.
Ново истражување покажа дека на просечниот пушач му се потребни дури 5 години и 7 обиди за да успее да се откаже од цигарите. Првата недела по откажувањето е најкритична и најстресна, а откажувањето од пушењето предизвикува повеќе стрес отколку планирање на свадба или развод.
Ова е веста која ќе ја сакаат сите ученици и студенти низ светот: германски научници тврдат дека најдобриот начин да запомните нова информација е да легнете да спиете.