Научниците велат дека многуте пријатели на Facebook носат и многу стрес. Колку сте попопуларни на Facobook, толку поголем е притисокот да бидете што позабавни и поактивни.
Ако верувате дека лекот што го примате ќе ви помогне, тогаш си ги зголемувате шансите навистина да се случи тоа. Научниците откриле дека ставот на пациентите кон лековите може да влијае на нивниот ефект. Прочитајте како.
Кога 1000 жени биле запрашани дали повеќе би сакале добар секс секоја недела во текот на 5 години или бесплатно чоколадо секоја недела во текот на 5 години, 73% од жените избрале добар секс. Прочитајте ги и другите заклучоци од истражувањето.
Научниците откриле дека кај луѓето кои спијат помалку од 6 часа дневно, ризикот од појава на срцев удар се зголемува дури со 50%, а ризикот од мозочен удар со 15%.
Многу современи жени чувствуваат подеднакво задоволство од излегувањето со пријателките како и од страсна ноќ помината со својот партнер, велат научниците и објаснуваат дека има причина за тоа. Прочитајте повеќе.
Темното чоколадо изобилува со антиоксиданси и научниците веќе го класифицираат како суперхрана. Ново истражување покажало дека темното чоколадо е побогато со антиоксиданси дури и од боровинките и малините.
Научниците тврдат дека вежбањето надвор е многу подобро отколку вежбањето во фитнес сала. Кога луѓето вежбаат на отворено, кај нив значително се намалува напнатоста, лутината и депресијата.
Ново истражување покажа дека мажите побрзо се заљубуваат, сакаат да стапат во брак исто толку колку и жените, а и сакаат да имаат деца повеќе од жените. Жените пак почесто од мажите сакаат да излегуваат со своите пријателки и да одат на одмор сами, наместо со својот сопруг или партнер.
Прегратките, допирите и милувањата преку кои ја искажуваме љубовта имаат многу позитивно влијание, бидејќи го редуцираат стресот, ја намалуваат болката и помагаат за одржувањето на цврста врска, тврдат научниците.
Многу поверојатно е еден маж да прости неверство ако партнерката го изневери со друга жена, отколку ако таа има секс со маж. Од друга страна, една жена е поверојатно да остане со маж кој имал секс со друга жена, отколку ако тој ја изневери со друг маж.