• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

50% од мајките сметаат дека не поминуваат доволно време со децата

27 јануари 2011, 15:53
  • cподели

Многуте обврски ги спречуваат современите мајки да поминуваат повеќе време со своите деца. Над 50% од мајките сметаат дека не поминуваат доволно квалитетно време со своите најмили.

Обидувајќи се да постигнат баланс помеѓу кариерата и личниот живот, мнозинството мајки иако даваат сè од себе, чувствуваат дека можат да направат многу повеќе во одредени области од животот.

Мајка со двете деца24% од мајките сметаат дека треба повеќе да им помагаат на своите деца со домашната работа за на училиште

10 работи кои мајките сметаат дека можат да ги прават подобро се:

  • да поминуваат квалитетно време со своите деца;
  • да бидат потрпеливи;
  • почесто да приготвуваат јадења од сирови состојки;
  • да одржуваат посредено дома;
  • да ги подучуваат своите деца;
  • да измислуваат интересни игри;
  • почесто да ги канат другарчињата на нивните деца на чај;
  • да бидат забавниот родител;
  • да воведат поголема дисциплина;
  • да балансираат меѓу работата и личниот живот.

„Мајките треба да запомнат дека најважното нешто е да им обезбедат на своите деца стабилна средина и љубов. После тоа, ако можат да најдат време за да си играат со нив, би било супер, затоа што децата повеќе ќе го ценат тоа отколку средената куќа или убавиот оброк“ – изјавила Кетрин Крафорд, претставник на сајтот TheBabyWebsite, кој го направил истражувањето.

74% од трите илјади анкетирани мајки сметаат дека прават сè најдобро што можат со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат и дека нивните деца се среќни и задоволни, но најголем дел признале дека чувствуваат огромен притисок за да имаат совршена кариера и совршено семејство.

И покрај тоа, 53% од мајките изјавиле дека е невозможно постигнувањето на баланс кариера-личен живот.

„Мајките не треба да се прекоруваат толку многу, затоа што повеќето од нив одлично се справуваат со растењето на децата во среќен дом“ – додала Крафорд.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.