• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Икање – што го предизвикува и како да го сопрете?

12 јули 2013, 12:00
  • cподели

Икањето претставува несакана и неконтролирана контракција на дијафрагмата, која може да се повтори неколку пати во текот на една минута. Контракцијата е проследена со ненадејно затворање на гласните жици, што резултира со карактеристичен звук.

Иако самиот звук често предизвикува смеа меѓу присутните, икањето знае да биде непријатна и иритирачка појава, особено кога се повторува подолго време. Во најголем дел од случаите, икавицата запира по само неколку минути.

Икање

Што може да предизвика икавица?

Најчести причини за појавување на икавица се:

  • Пребрзо јадење или прејадување;
  • Силни емоции како страв, вознемиреност, радост или еуфорија;
  • Консумирање на газирани пијалаци;
  • Јадење на сува или зачинета храна;
  • Промена на температурата во стомакот – пиење на ладен пијалак веднаш по топол пијалак;
  • Консумирање алкохол во големи количини;
  • Силно смеење.

Како можете да си помогнете?

Најчесто икавицата исчезнува во рок од неколку минути. Само во ретки случаи таа е знак на посериозен здравствен проблем. Доколку икањето не престане во рок од 48 часа, побарајте помош од стручно лице.

Постојат повеќе различни начини на кои можете да го сопрете обичното икање. Некои од нив можеби ќе ви делуваат смешно, но вреди да им дадете шанса.

  • Вдишете и задржете го воздухот во вас што подолго. Длабоко вдишете и бавно избројте до 10 пред да издишете. Повторете 3-4 пати.
  • Напијте се ладна вода. Брзо испијте 10 мали голтки ладна вода, или пак, направете гаргара со ладна вода.
  • Изедете една лажичка шеќер или мед.
  • Дишете во хартиена кеса. Доколку немате хартиена кеса, покријте ги носот и устата со дланките и дишете одредено време на таков начин.
  • Исплазете го јазикот. Силно исплазете го јазикот за да ја сопрете икавицата.
  • Нежно затнете ги ушите. Внимателно затнете ги ушните канали со дланките или со прстите во период од 20-30 секунди. Многумина тврдат дека токму ова е „лек“ за здодевното икање.
  • Загризете парче лимон или напијте се мала голтка оцет. Киселкавиот вкус помага за ослободување од икавицата.
  • Подигнете ги колената кон градите и силно прегрнете ги.
Tags
икање
икавица

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.