Почетна » Рецепти » Намирници » 11 невообичаени примени на шеќерот

11 невообичаени примени на шеќерот

Омилената торта во никој случај не би ви била толку вкусна доколку во слаткарницата заборават да стават шеќер, а утринското кафе не би ви донело сладок почеток на денот ако немате во него да растворите барем неколку шеќерни кристали. Никој не може да оспори дека шеќерот ни го засладува животот, но тој не мора да прави слатки чуда во кујната за да ни биде корисен. Еве неколку невообичаени примени на најпопуларниот бел засладувач:

Усни со шеќер
  1. За подолготраен кармин на усните. Ве нервира кога на секој час морате да го коригирате карминот на усните? По нанесувањето на карминот, ставете на усните малку шеќер, оставете го 1-2 минути, а потоа излижете го. Шеќерот ќе го фиксира карминот за да остане на усните подолго време.
  2. Како домашен пилинг за тело. Шеќерот е одличен ексфолијатор, што значи дека не мора да трошите пари на скапи пилинзи за да го отстраните слојот мртви клетки од кожата. Едноставно направете паста од ½ шолја шеќер и ¼ шолја бадемово или маслиново масло. Нежно истријте ја кожата со кружни движења, а потоа истуширајте се како вообичаено. Ефектот е забележителен веднаш.
  3. За подолг живот на цвеќињата во вазна. Цвеќињата во вазна се освежителен детаљ кој го разубавува домот, но за жал, тие никогаш не траат долго. За да ги зачувате цвеќињата посвежи, во водата во вазната растворете една мала лажичка шеќер. Или пак, додајте 3 лажици шеќер и 2 лажици јаболков оцет во еден литар вода и ставете го букетот во тој раствор. Шеќерот го негува стеблото на цвеќето, оцетот го спречува размножувањето на бактерии, а вие ќе имате букет на кој ќе му се радувате долго време.
  4. Отстранува зелени флеки од трева на облеката. Ви се крева косата нагоре кога ќе видите дека децата повторно не внимавале и ги направиле новите фармерки со зелени дамки? Направете паста од жешка вода и шеќер и нанесете ја на флеките од трева. Оставете ја да отстои еден час, а потоа исперете ја облеката како вообичаено.
  5. Омекнува усни. Направете паста од шеќер и маслиново масло и нанесете ја на усните. Почекајте 30 секунди, нежно измасирајте, а потоа отстранете ја пастата со влажна крпа. Ќе добиете совршено нежни усни подготвени за шминка (и за бакнување, се разбира).
  6. Смирува болка на јазикот предизвикана од лути или жешки јадења. Консумирањето на премногу лута или жешка храна знае да боли. За да ја смирите болката, лапнете една лажичка шеќер или лижете една коцка шеќер. Доволно е да го држите шеќерот в уста без да го голтате. Ако болката е предизвикана од лута храна, млекото исто така може да помогне.
  7. Чисти мрсни и валкани раце. Вашиот сопруг се врати од гаражата со црни мрсни раце? Ставете шеќер во неговите дланки и малку масло за јадење. Кристалите од шеќерот имаат абразивно дејство, па мрснотијата и нечистотијата брзо ќе исчезнат.
  8. Служи како природен депилатор. Со бел шеќер можете да си направите шеќерна депилација која ќе ви подари мазни и нежни нозе. Во тенџере измешајте 2 шолји шеќер, ¼ шолја вода и ¼ шолја сок од лимон и варете додека смесата не добие боја на мед. Користете ја добиената смеса како стандарден топол восок за депилирање или како шеќерна паста.
  9. За чистење на машината за мелење. На машините за мелење кафе или зачини се насобираат масла кои имаат силна арома. Шеќерот може да ви помогне бидејќи ги апсорбира маслата и мирисот. За да ја освежите машината, турете ½ шолја шеќер и мелете 2 минути. На крајот избришете со влажна крпа.
  10. За подобро складирање на торти и бисквити. Сакате тортата и бисквитите да останат „свежи“ подолго време? Во затворената кутија во која ги чувате, ставете и неколку коцки шеќер. Шеќерот ја апсорбира влагата.
  11. Смирува икање. Не можете да престанете да икате? Лапнете мала лажичка шеќер и кажете му збогум на здодевното и иритирачко икање.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.