Почетна » Убавина и мода » Тело » Како до убави и стегнати гради?

Како до убави и стегнати гради?

Повеќето жени не се задоволни со изгледот на нивните гради. Или ги сметаат за мали, или пак за големи и недоволно стегнати. Имајќи го тоа во предвид, воопшто не е чудно што пластичната хирургија за корекција на овој дел од телото е толку многу развиена.

Убавината на женските гради не лежи во големината. Мажите веќе не се импресионираат од големите силиконски гради. За да бидат привлечни, женските гради треба да бидат стегнати, подигнати и со убава форма.

Пред да си помислите дека за да го постигнете тоа треба да легнете под хируршки нож, потребно е да знаете дека можете да го подобрите изгледот на градите на природен начин.

Убави градиУбавината на женските гради не лежи во големината.

Непријатели на убавите гради

Колку и да се обидувате да ја негувате кожата на градите и да ги зацврстувате со вежби, ако не ги елиминирате факторите кои што го уништуваат вашето деколте, нема да ги постигнете резултатите што ги посакувате.

  1. Несоодветен градник. Изборот на соодветен градник е од пресудно значење за изгледот и здравјето на вашите гради. Корпите имаат функција да им даваат потпора и форма на градите. Ако изберете премногу мал градник, ќе ги сплескате градите и не само што ќе изгледаат мали, туку со тоа ќе ја намалите и циркулацијата на крв. Преголемиот градник не може да им ја даде потребната потпора на градите и токму тоа води до виснати гради.

    Совет: Кога избирате градник, пробајте неколку големини. Два градници со ист број, но од различни производители може да ви стојат потполно различно. Внимавајте корпите да им даваат соодветна потпора и убава форма на вашите гради, а појасот околу грбот да не ве стега.

  2. Жешка вода. Многу жени обожаваат да се тушираат со жешка вода. Но, високата температура негативно влијае на создавањето на колаген во клетките на кожата, а тоа води до намалување на еластичноста. Ако се намали еластичноста на кожата, градите виснат и при варирање на нивната големината лесно се создаваат стрии.

    Совет: Ладната вода ја помага циркулацијата на крвта. Во текот на туширањето неколку пати насочете го млазот вода кон вашите гради и наизменично менувајте ја температурата на водата – топло, па ладно. На крајот, завршете го туширањето со ладен млаз.

  3. Драстична промена на телесната тежина. Строгите диети или дебелеењето водат до растегнување на кожата по целото тело. Тоа води до намалување на еластичноста и до појава на стрии.

    Совет: Драстичната промена на телесната тежина му создава стрес на телото. Не применувајте строги диети кои бараат гладување. Насочете се кон бавно слабеење, придружено со вежбање. Само така ќе ја зачувате кожата на телото затегната.

  4. Лошо држење на телото. Држењето на телото влијае не само на формирањето на ‘рбетот, туку и на градите. Ако го држите вашето тело во неправилна положба, ризикувате да се појави деформирање кај овие делови од телото.

    Совет: Постојано внимавајте на држењето на телото. Подгрбавеноста воопшто не е привлечна. Ставете книга на главата, исправете го телото и шетајте низ дома по 10 минути секој ден. Оваа вежба ќе ви создаде навика да одите исправени.

  5. УВ-зраците. Не е тајна колку е штетно сонцето со неговите УВ-зраци. Тие ја намалуваат еластичноста на кожата и предизвикуваат предвремено стареење. Солариумите даваат убав тен, кој можеби покрива некои недостатоци по кожата, но од друга страна прави големи оштетувања кои се појавуваат во подоцнежната возраст.

    Совет: Како што го заштитувате лицето, така треба да ја заштитувате и кожата по телото со помош на кремови со заштитен фактор. Не претерувајте со изложеноста на сонце или со користењето на солариум, а почесто користете крем богат со витамин Е.

Масажа

  • Масажа со масло. Масирајте ги градите нежно со кружни движења, започнувајќи од долу нагоре. Практикувајте масажа 2-3 пати неделно. Најдобро е да користите бадемово масло, масло од семки од грозје или масло од авокадо, но можете да употребите и маслиново масло.
  • Масажа со коцки мраз. Масажата со мраз е многу ефективна за зацврстување на градите. Земете коцка мраз и масирајте ги градите со кружни движења. Често практикувајте ја оваа масажа, но никогаш подолго од една минута, затоа што кожата на градите е многу чувствителна.

Домашна маска

Еднаш неделно ставајте маска на градите, но не ја поставувајте на брадавиците. Многу добра маска за зацврстување е смесата од изрендана краставица и белка од јајце. Оставете ја да делува 15 минути и отстранете ја со ладна вода.

Вежби за зацврстување

Колку што се поцврсти градните мускули, толку постегнати се и градите. Постојат многу вежби за овој дел од телото. За некои треба да посетите фитнес сала и да ги правите на специјални справи, но други пак можете да ги правите дома.

Еве две вежби кои можете да ги правите во домашни услови, а даваат одлични резултати:

  • Склекови. Склековите се одличен начин за да ги зацврстите градните мускули. Дали ќе правите обични склекови или „женски“, не е важно.
  • „Молење“. Застанете исправени и спојте ги дланките како во положба за молење. Раширете ги лактите на рацете и подигнете ги во висина на градите. Започнете да туркате со двете раце истовремено. Треба да почувствувате контракција на мускулите над градите. Притискајте 15 секунди, па направете пауза, потоа пак притиснете. Правете ја оваа вежба секој ден и резултатите нема да изостанат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9527 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.