Синоќа, на исконските скали на Музејот на уметноста „Метрополитен“ зачекорија стотици внимателно селектирани гости на грандиозната гала која секоја година се одржува под диригентската палка на Ана Винтур.
Раководејќи се од официјалната тема „Костимска уметност“ (Costume Art) и со дрес-код кој гласеше „Модата е уметност“ (Fashion Is Art), гостите беа предизвикани да ги остават настрана класичните вечерни тоалети и да го третираат своето тело како празно уметничко платно. Резултатот беше еден од најдраматичните црвени килими во поновата историја на гламурозниот настан.
Покрај Ана Винтур, поранешната главна уредничка на „Вог“, претседавачи на настанот беа Бијонсе, Венус Вилијамс и Никол Кидман. Почесни „домаќини“ беа Џеф Безос и Лорен Санчез, што предизвика многу негативни реакции и дури и протести. Имено, беше обелоденето дека парот платил 10 милиони долари за да ја спонзорира галата со што си „заработи“ специјален третман, па многумина повикаа на бојкотирање. Можеби токму тој отпор беше причината што Безос го заобиколи црвениот тепих и Санчез дефилираше сама.
Бијонсе мамеше погледи со раскошна креација инспирирана од анатомијата на човечкото тело додека беше придружувана од Џеј Зи и пораснатата ќерка Блу Ајви. Ријана дефинитивно покажа дека е беспрекорна кога е во прашање почитувањето на дрес-кодот, а Блејк Лајвли повторно се впиша меѓу најдобро стилизираните ѕвезди.
Хајди Клум се преобрази во статуа, а Бед Бани исто така беше непрепознатлив со седа коса и брада и бастун.
Погледнете како изгледаа ѕвездите на најзначајната ноќ во светот на модата: