• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Ултра екстравагантна: Ријана во свилена креација со 115.000 кристали со Ејсап Роки на МЕТ балот

5 мај 2026, 11:01
  • cподели

Ријана апсолутно доминираше на МЕТ галата со стајлинг кој совршено го интерпретираше зададениот дрес-код „Модата е уметност“. Традиционално, славната пејачка беше меѓу последните гости кои пристигнаа на скалилата пред музејот „Метрополитен“ во Њујорк.

На најгламурозната ноќ во светот на модата, 38-годишната пејачка блесна во впечатлива металик креација од Maison Margiela, дизајнирана од Глен Мартенс. Фустанот, изработен од луксузна свила со вметнати бакарни нишки, беше украсен со повеќе од 115.000 кристални зрнца, антички накит и синџири, а за неговата изработка биле потребни над 1.300 часа.

Ниту Ејсап Роки не остана незабележан. Тој носеше розова креација од Chanel, надополнета со црни детали и впечатливи модни додатоци, а се смета дека изгледот бил во чест на неговата нова улога – татко на девојче.

Роки не штедеше зборови за својата сакана и ја опиша како „уметност и уметник во едно“, додавајќи дека таа „сјае како дијамант“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Maison Margiela (@maisonmargiela)

Темата на годинешната свеченост беше „Costume Art“ (Костимска уметност) во чест на истоимената изложба во Музејот која ќе биде отворена за јавноста од 10 мај.

Tags
Ријана
Ејсап Роки
МЕТ гала 2026

Најнови

  • PMOS

    Од PCOS до PMOS: Зошто женското здравје заслужува „рестарт“ во информирањето?

    Thu, 05/14/2026 - 11:30
  • „Ми рекоа да ги напуштам ќерките затоа што имаат Даунов синдром“: Мајка од Црна Гора со емотивна исповед

    Thu, 05/14/2026 - 10:30
  • „Семејство засекогаш“: Вин Дизел силно ја прегрна ќерката на покојниот актер Пол Вокер по нивното обединување во Кан

    Thu, 05/14/2026 - 09:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.