• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Кралица на стилот: Блејк Лајвли во впечатлива креација со чантичка украсена со цртежи од четирите деца на МЕТ балот

5 мај 2026, 08:43
  • cподели

По четири години пауза, Блејк Лајвли со стил се врати на балот МЕТ и го украде целото внимание.

Само часови откако постигна спогодба со Џастин Балдони за судскиот спор, 38-годишната актерка зачекори на црвениот тепих во креација од пролетната колекција за 2006 година од архивата на Версаче.

Фустанот, инспириран од барокната уметност и венецијанскиот рококо стил, се одликуваше со драпиран горен дел украсен со нежни камења. Целиот изглед беше заокружен со драматична „опашка“ долга околу 4 метри, која ѝ овозможи вистинска „кралска“ појава на скалите на музејот.

„Срамежлива сум, едноставно сакам моите деца да бидат со мене“ – изјави таа, откривајќи дека нејзината чанта била специјално изработена за неа и украсена со цртежи од секое од нејзините четири деца: Џејмс (11), Инез (9), Бети (6) и Олин (3).

На настанот не се појави нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, кој стоеше покрај неа на секој чекор од судењето со Балдони поврзано со филмот „It Ends With Us“.

Темата на годинешната свеченост е „Costume Art“ (Костимска уметност) во чест на истоимената изложба во Музејот која ќе биде отворена за јавноста од 10 мај.

Tags
Блејк Лајвли
МЕТ гала 2026

Најнови

  • Дејан Манасков и Билјана Стојановска

    Семејна среќа покрај Охридското Езеро: Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид

    Wed, 10/07/2026 - 08:50
  • Фитнес тренерите Софија и Марио открија дека ќе станат родители со слатко видео на плажа во Дубаи

    Wed, 10/07/2026 - 08:04
  • Алкалоид со јубилеен спот

    Три извонредни македонски приказни: Генијот Македон, креативецот Сатја Грабул и научникот Ѓорѓи Петрушевски во спот на „Алкалоид“

    Tue, 10/06/2026 - 16:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.