• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Пресврт пред судењето: Блејк Лајвли и Џастин Балдони конечно ја завршија токсичната правна битка за „It Ends With Us“

5 мај 2026, 08:32
  • cподели
Блејк Лајвли и Џастин Балдони

По година и пол жестоки обвинувања, медиумски војни и јавни скандали, холивудската драма помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони конечно доби своја завршница.

Само две недели пред официјалниот почеток на судењето, поранешните колеги од хитот „It Ends With Us“ неочекувано постигнаа спогодба, ставајќи крај на еден од најозборуваните конфликти во Холивуд.

Иако деталите од договорот се чуваат во најстрога тајност, адвокатските тимови на двете ѕвезди излегоа со заедничко соопштение кое изненади многумина со својот помирувачки тон:

„Крајниот производ – филмот ‘It Ends With Us’ – е извор на гордост за сите нас кои работевме за да го оживееме. Подигнувањето на свеста и значајното влијание во животите на преживеаните од семејно насилство (и на сите засегнати од насилство) е цел зад која стоиме.

Признаваме дека процесот донесе предизвици и свесни сме дека грижите истакнати од г-ѓа Лајвли заслужуваа да бидат слушнати. Остануваме цврсто посветени на работни средини ослободени од недолично однесување и непродуктивни опкружувања. Искрено се надеваме дека ова ќе донесе затворање на поглавјето и ќе им овозможи на сите инволвирани да продолжат напред конструктивно и во мир, вклучувајќи и одржување на интернет средина исполнета со почит.“

Блејк Лајвли и Џастин Балдони

А како почна целата драма?

Скандалот експлодираше во декември 2024 година кога 38-годишната Лајвли го обвини 42-годишниот Балдони (кој воедно беше и режисер на филмот) за сексуално вознемирување на сетот.

Но, набрзо конфликтот премина во „валкани води“. Блејк тврдеше дека продукциската компанија на Џастин започнала сурова ПР кампања против неа, обидувајќи се да ја претстави како „злобна девојка“ во медиумите. Според Лајвли, онлајн хајката ѝ донела вртоглава финансиска загуба од дури 300 милиони долари. Од друга страна, Џастин жестоко ги негираше сите обвинувања и дури возврати со контратужба од 400 милиони долари (која подоцна беше отфрлена).

Блејк Лајвли и Џастин Балдони на снимањето на „It Ends With Us“
Блејк Лајвли и Џастин Балдони на снимањето на „It Ends With Us“

Минатиот месец, судијата отфрли дури 10 од 13-те обвинувања на Блејк (вклучувајќи го и она за сексуално вознемирување). Сепак, судијата дозволи судењето да продолжи за обвинувањата поврзани со одмаздничката кампања против неа.

Судењето, кое беше закажано за 18 ти мај, се очекуваше да биде вистински медиумски циркус со сведочења на бројни познати личности. Но, се чини дека и двајцата сфатија дека е време да стават крај на ова исцрпувачко поглавје.

Блејк Лајвли

Останува да видиме дали оваа спогодба конечно ќе ги смири и поделените фанови на интернет, кои со месеци водеа вистински војни на социјалните мрежи.

Tags
Блејк Лајвли
Џастин Балдони

Најнови

  • Александар Темелков со сопругата Сара

    Се венчаа кога тој имаше 24, а таа 16 години: Александар Темелков се разведува од сопругата Сара

    Wed, 05/13/2026 - 12:55
  • Сите детали како да дојдете до влезница за спектаклот на Дејвид Гета во Скопје, картите чинат САМО 35 денари

    Wed, 05/13/2026 - 12:55
  • „Не беше секогаш лесно, но вредеше за оваа љубов“: Миро и Ивана Кацаров пресреќни со синчето кое полни 6 месеци

    Wed, 05/13/2026 - 11:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.