• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Александра Јанева стана мајка, го откри името на бебенцето

29 мај 2026, 15:16
  • cподели

Александра Јанева се породи. 31-годишната пејачка го доби првото дете со сопругот Иван Ангелов.

Среќната вест Јанева ја соопшти споделувајќи честитки на Instagram од свои блиски, а притоа откри дека бебенцето го добило името Тина.

Instagram честитка

Александра и Иван се во брак од август 2024 година. Во неодамнешно интервју за Фемина, таа сподели како дознала за бременоста и како му кажала на саканиот дека ќе стане татко:

Александра Јанева со сопругот Иван Ангелов

„Првата реакција беше шок и неверување, помешано со огромна возбуда и среќа. Дознав доцна навечер преку тест за бременост и не можев да заспијам цела ноќ од целиот тој ролеркостер од емоции. Бев сама дома во Скопје, а Иван беше во Струмица по работни обврски. Сакајќи да го изненадам, му напишав честитка во која му соопштив дека ќе стане татко и по неколку часа откако ја дознав веста отидов и јас за Струмица.

Употребив бела лага дека честитката е од наш комшија во Скопје кој сака да му се заблагодари за доброто дело кое му го направил, па му ја дадов да ја прочита. Само се сврте со вкочанета насмевка на лице (се смее), ме праша дали е вистина тоа што го чита и во прегратката што следуваше почувствував дека и неговото срце лупа од возбуда.“

Александра Јанева со сопругот Иван Ангелов
Александра Јанева и Иван Ангелов

На професионален план, Јанева го најави новиот албум „Сестро“ од кој неодамна ја промовираше песната „Како спиеш ти“.

Tags
Александра Јанева

Најнови

  • Иван Ангелов и Александра Јанева

    Александра Јанева стана мајка, го откри името на бебенцето

    Fri, 05/29/2026 - 15:16
  • „Срце знае сè“: Младата Тамара Грујеска освојува со нова емотивна балада

    Thu, 05/28/2026 - 14:40
  • „Борбата не е завршена…“ Северина потврди дека синот ќе живее со неа, ќе продолжи да се бори за сите мајки

    Thu, 05/28/2026 - 14:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.