• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

26 октомври 2026, 11:14
  • cподели
Јован Јованов и Тони Зен

Пред полни 18 години Јован Јованов, Тони Зен и Ламбе Алабаковски ја испеаја култната „Итно ми требаш“, а сега, на 31 октомври, на Макефест 2026, Јован и Тони се враќаат со продолжение, песната наречена „Уште ми требаш“.

„’Уште ми требаш е продолжение на приказната од ‘Итно ми требаш’. Некои песни не можат да се повторат, но некои приказни заслужуваат да продолжат. 

‘Итно ми требаш’ беше приказна за незаборавна ноќ - излегуваш во клуб, некоја намерно те погледнува и намерно ти се насмевнува и... итно ти треба. ‘Уште ми требаш’ е поемотиовна, се работи за спомен кој не е избледен, едно убаво сеќавање. 

Целта на приказната е тоа што се случува сега. Затоа и текстот на песната е поемотивен. Веќе не се работи за провод се работи за чувства што останале’,“ вели Јованов за новата песна.

Јован Јованов и Тони Зен

„Уште ми требаш“ ќе ја има својата премиерна изведба на годинашниов Макфест (сабота, 31 октомври), а брзо потоа ќе биде промовиран и спотот за неа.

Песната е авторско дело на Јован Јованов, кој ја напиша музиката, текстот е на Јован заедно со Тони Зен, додека продукцијата е на Јован и Иван Јованов. 

Tags
Јован Јованов
Тони Зен

Најнови

  • Јован Јованов и Тони Зен

    18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

    Mon, 10/26/2026 - 11:14
  • Од венчавка на избори: Младенци од Србија отидоа да гласаат на денот на свадбата, добија аплауз и предност во редицата

    Mon, 10/26/2026 - 10:30
  • Мајли Сајрус ѝ ја избричи главата на обожавателка која се бори со рак на дојка: „Ќе ја пребродиш бурата“

    Mon, 10/26/2026 - 09:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.