• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Сестро“ – Александра Јанева со нова песна најавува албум за женската солидарност

28 јануари 2026, 13:04
  • cподели

Александра Јанева го претстави видеотo за својот најнов проект „Сестро“. Станува збор за носечката песна на нејзиниот претстоен албум кој го слави несебичното другарство и секоја жена што подала рака во вистинскиот момент.

Музиката, аранжманот и целосната музичка продукција се дело на Лазар Цветкоски, додека моќниот и сензибилен текст го напиша Луна. 

„Сестра е секоја жена што ти подала рака кога светот бил премногу бучен, секоја пријателка која ти помогнала да ја откриеш сопствената вредност. 2026 година целосно ќе ѝ ја посветам на оваа порака – ќе биде година во знакот на 'Сестро', исполнета со многу нова музика која ја слави поддршката меѓу нас“ – открива Јанева.

Режијата и монтажата на спотот се на Огнен Шапковски (Melem Production), додека за прекрасните кадри како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров. Видеото е збогатено со моќна кореографија од Dance Team Fusion, доловувајќи ја женската енергија низ движење.

Видео

„Сестро“ ќе биде дел од истоимениот албум посветен на женската солидарност кој ќе го открива етапно во текот на 2026 година.

Александра Јанева
Александра Јанева
Александра Јанева
Александра Јанева
Tags
Александра Јанева
македонска музика

Најнови

  • Ќерката на Ем Вандера прослави роденден во Малта, популарната Кенијка ѝ честиташе со слатка порака

    Tue, 03/17/2026 - 21:30
  • Експертите предлагаат: помалку забрани, повеќе алтернативи во борбата против пушењето

    Tue, 03/17/2026 - 16:42
  • dm Balea

    Што ѝ е потребно на вашата коса секој ден? dm го има одговорот!

    Tue, 03/17/2026 - 16:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.