• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Тело

10 бјути совети и трикови од истакнати професионалци

6 јуни 2011, 08:57
  • cподели

Познатите светски стилисти и мејкап артисти никогаш не ги откриваат целосно тајните со помош на кои ги разубавуваат своите клиенти и холивудските ѕвезди, но од време на време знаат да нè почестат со некој добар совет или трик.

Убава жена

Еве неколку од нивните професионални совети:

Секогаш користете го виткачот за трепки по туширањето. Топлата вода и пареата ги прават трепките помеки и полесно се обликуваат, а освен тоа и се намалува ризикот од „кршење“ на влакното.
Кимберли Соен

По нанесувањето на течната пудра, истријте ги дланките една од друга за да се затоплат и нежно притиснете ги на образите, челото, брадичката и носот. Топлината помага да ја омекнете пудрата и да добиете поприроден изглед, па вашето лице нема да изгледа како да има еден слој боја врз него.
Шери Хабнер

Кога не сте успеале да се наспиете доволно и кога очите ви се уморни, нашминкајте се со сенки и молив за очи во сини нијанси за да го угаснете црвенилото на очите. На пример, комбинирајте сиви сенки за очи со морнарско сини сенки или темносив молив. Избегнувајте сè што има црвена основа, како розови и пурпурни сенки, бидејќи тие ќе ги акцентираат крвавите очи.
Барбара Стоун

За да добиете совршено коњско опавче, откако ќе ја фатите косата, земете стара четка за заби, напрскајте ја со лак за коса и нежно поминете по предниот дел од косата. Така лесно и едноставно ќе ги измазните сите мали влакненца кои го уништуваат совршениот залижан изглед.
Сара Потемпа

Ако косата ви е мрсна и немате на дофат на рака бебешка пудра, искористете брашно. Напрскајте малку брашно на корените, почекајте 10-15 секунди за да впие што повеќе маснотии, а потоа со четка за пудра или руменило отстранете го брашното од косата.
Мара Шиавети

Освежете ја црвената боја на косата со сок од брусница. Ако се фарбате со црвена боја, сокот од брусница може да ѝ даде на вашата коса неверојатен сјај и свежина. Навлажнете ја косата со сок од брусница и почекајте 5-10 минути, а потоа измијте ја косата со шампон.
Кајли Вајт

Плутените тапи од вино можат да послужат за создавање на привлечни локни. Додека косата ви е водена, земете мал прамен, навиткајте го околу тапата и прицврстете ја косата со тенка шнола. Направете го тоа и со останатиот дел од косата, а потоа исушете со фен.
Џулиен Фарел

Ако имате акни и црвени точки од акни, тогаш не е доволно само да ги прикриете со пудра или коректор. Еден трик е да користите кармин во топла розова боја. Тој ќе го одвлече вниманието од црвенилото и другите несовршености по кожата.
Морган Шик

Нанесувајте руменило додека се смеете. Нанесете малку на „топчињата“ на образите, а потоа разнесете го наназад по коската на јаболкниците до ушите.
Керол Шоу

Секогаш чувајте вазелин при рака, бидејќи има многу намени. Можете да го нанесете на усните за да добиете меки усни без „брчки“; да го нанесете на образите за да добиете природен сјај на кожата; да го нанесете на веѓите за да сте сигурни дека секое влакненце е на своето место; да го нанесете на ноктите за да им дадете лажен сјај кога немате време за маникир...
Холи Крафорд

Tags
трикови за убавина

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.