• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Последната прегратка: Бруно Марс со трогателни фотографии сподели дека татко му починал

25 ноември 2026, 20:20
  • cподели
Бруно Марс

Бруно Марс тагува по загубата на татко му, кој имал огромна улога во неговиот живот и во градењето на неговата музичка кариера.

Популарниот пејач ја сподели тажната вест преку емотивна објава на Instagram, во која со многу љубов и благодарност се потсети на човекот кој го научил на сè што знае.

Покрај старите фотографии кои чуваат драгоцени спомени, славниот музичар објави и потресна фотографија од нивната последна прегратка во болнички кревет.

Бруно Марс

„Минатата недела имав можност да го прегрнам татко ми за последен пат. Ако некогаш сте ме слушале како зборувам за него, секогаш сум велел дека тој е човекот кој ме научи на сè што знам, особено кога станува збор за музиката.

Тој нè израсна мене, брат ми и моите четири прекрасни сестри. Во моите очи, тој беше најдобриот татко на светот и ќе ми недостига секој ден додека повторно не се сретнеме.

Те сакам, тато. Бакни ја мама таму горе за мене“ – напиша Бруно, спомнувајќи ја и мајка му која почина прерано.

Бернадет Сан Педро Бајот почина во 2013 година на 55-годишна возраст како последица на мозочна аневризма. Нејзината ненадејна смрт беше тежок удар за Марс, кој во повеќе наврати зборуваше за тоа колку загубата на мајка му го променила животот.

Tags
Бруно Марс

Најнови

  • Бруно Марс

    Последната прегратка: Бруно Марс со трогателни фотографии сподели дека татко му починал

    Wed, 11/25/2026 - 20:20
  • Протест против насилството врз жените

    „Нема да ви дозволиме да закопате уште една жена“: Протестен марш во Скопје против насилството врз жените

    Wed, 11/25/2026 - 19:45
  • „Јави ми се и започни да се пакуваш“: Маријa Шерифовиќ му понуди помош на млад пијанист кој е примен на докторатура во Виена

    Wed, 11/25/2026 - 18:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.