Почетна » Забава » Соновник » Бакнување
Соновник

Бакнување

Ако се бакнувате со вашиот партнер во темница

Предзнак за неморално однесување. Постои ризик трета личност да се вмеша во вашата врска.

Ако се бакнувате со вашиот партнер на светло

Имате сериозни и искрени намери кон партнерот.

Ако го бакнувате вашиот партнер на чело

На повидок се мали проблеми, бидејќи тој нема да биде среќен што имате нападен додворувач.

Ако вашиот партнер ве бакнува на чело

Има голема почит кон вас и не сака да ја изневери вашата доверба.

Ако ваша соперничка го бакнува вашиот партнер

Постои опасност да ја изгубите својата самодоверба. Некој лажен пријател ви завидува.

Ако вашиот партнер бакнува друга личност

Ќе бидете разочарани од постапките на партнерот.

Ако го бакнувате вашиот брачен партнер

Предзнак за хармонични брачни односи. Мир и спокојство ќе завладее во вашиот дом.

Ако бакнувате нечиј партнер

Ќе ве измачува љубомора бидејќи посакувате да почувствувате поголема страст и силна љубов во вашиот живот.

Ако бакнувате личност која е во брак

Ќе напредувате на работното место, но не и во личниот живот.

Ако бакнувате личност која ја сметате за непријател

Ќе остварите напредок во подобрувањето на односите со одреден пријател.

Ако бакнувате пријател

Ќе копнеете за посилно пријателство со него или криете огромна желба за започнување на нова врска.

Ако ја бакнувате вашата мајка

Ќе бидете почитувани и сакани од вашите пријатели.

Ако бакнувате свој брат или сестра

Вашите односи со него/неа значително ќе се подобрат, а тоа ќе ви донесе обострано задоволство.

Ако бакнувате мртов човек

Ви претстои несреќен настан.

Ако ја бакнувате земјата

Ќе бидете понижени.

Ако ве бакне вдовец или вдовица

Ќе се разболите.

Ако бакнувате мало девојче или момче

За кратко време ќе се израдувате за вести за свадба.

Ако бакнувате непозната личност

Ќе паднете во искушение да ги погазите вашите морални вредности.

Ако ве бакне непозната личност

Ќе добиете помош и поддршка од личност од која не сте очекувале такво нешто.

Ако некој ви ја бакнува раката

Ќе се појават озборувања кои ќе ја разнишаат вашата репутација.

Ако бакнувате нечија рака

Имате неизмерна почит кон одредена личност и поради тоа ќе ѝ направите голема услуга.

Ако некој ве бакнува насила

Блиска личност се обидува да ви го наметне своето мислење или да ве принуди да направите нешто што не сакате.

Ако бакнувате некого насила

Можно е да доживеете непријатно искуство или да се соочите со мали здравствени проблеми.


Деца кои се бакнуваат

Ќе царува мир и среќа во вашето семејство. Ќе бидете задоволни од развивањето на вашата кариера.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.