Џорџина Родригез ужива во семејниот живот и во времето поминато со петте деца кои ги има со Кристијано Роналдо.
30-годишниот модел сподели фотографии од неодамнешниот одмор. На нив, Џорџина позира заедно со 14-годишниот Кристијано Џуниор, 6-годишните близнаци Ева и Матео, 6-годишната Алана Мартина и Бела Есмералда, која месецов ќе наполни две години.










Родригез покажа и како вежба со малите дечиња.




Џорџина е во врска со Кристијано од 2016 година. Во ноември 2017 година таа ја роди нивната прва заедничка ќерка Алана. На 18 април 2022 година, парот објави дека Родригез роди близнаци, момче и девојче. За жал, момчето почина за време на породувањето.

