Џеф Безос и Лорен Санчез присуствуваа на свечена вечера во Белата куќа, организирана во чест на јапонскиот премиер Фумио Кишида.
На покана на претседателот Џо Бајден и неговата сопруга Џил, 60-годишниот основач на Amazon и 54-годишната поранешна новинарка се појавија во претседателскиот дом фатени за раце.
Безос изгледаше елегантно во класично црно одело, додека Санчез привлече многу негативни критики за својот стајлинг.

Бројни коментари посочија дека провокативниот црвен фустан со отворено деколте е несоодветен за официјална државна вечера со Претседателот.
„Лорен, фустанот е прекрасен, но несоодветен за државна вечера во чест на Јапонија – земја со многу конзервативна и скромна култура“, „Каде е твојата почит, дефинитивно не е добар изглед за во Белата куќа“ и „Очајно се обидуваш сè уште да изгледаш млада и секси“ – се дел од коментарите на нејзините фотографии.





Џеф и Лорен се заедно четири години. Тие се верија во мај минатата година.




