Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Бибер доби восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“ за неговиот 30-ти роденден

Џастин Бибер доби восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“ за неговиот 30-ти роденден

Џастин Бибер доби своја восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“ во Холивуд.

Во чест на 30-тиот роденден на славниот пејач, кој беше на 1 март, познатиот Музеј за восочни фигури откри негова статуа. До неа стои бројот 30 кој го означува јубилејниот роденден на Бибер.

Џастин Бибер Џастин Бибер

Фигурата содржи детали кои се карактеристични за Џастин, како што е неговата тетоважа на вратот, како и стајлингот кој пејачот го носи во спотот од 2021 година за песната „Peaches“.

„Свеќите за 30-тиот роденден на Џастин Бибер не се единственото восочно нешто тука. Новата восочна фигура на Бибер стапи на сцената во ‘Мадам Тисо’ во Холивуд“ – напишаа од музејот.

Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер

Првата восочна фигура од Џастин која била изложена во музејот била направена во 2011 година. Таа била создавана четири месеци.

Џастин Бибер

Сопругата на Џастин, Хејли, со фотографии му го честиташе роденденот на својот сакан.

„30??? Тоа беше брзо. Зборовите не можат вистински да ја опишат убавината на она што си. Среќен роденден на љубовта на мојот живот, за цел живот“ – напиша таа.

Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер Џастин Бибер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25656 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.