Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Љубави“ на Жељко Јоксимовиќ – песна на Балканот

„Љубави“ на Жељко Јоксимовиќ – песна на Балканот

Дождот и силниот ветер не беа пречка вчера вечерта да биде одржано доделувањето на Првите балкански музички награди. Претставници од 11 држави се натпреваруваа за да освојат што повеќе гласови на повеќемилионската публика.

Свечената манифестација се одржа на плоштадот Александар Батенберг во Софија, а беше организирана главно од телевизијата Балканика и општината на град Софија.

Песната „Љубави“ на Жељко Јоксимовиќ ја освои големата награда „Песна на Балканот за 2009 година“. Македонски претставник во оваа категорија беше Каролина Гочева со песната „Крај“, која што ја изведе заедно со раперот Sky Wikluh.

Победничка во категоријата „Најдобра изведувачка“ е Турчинката Хадисе, а наградата за „Најдобар изведувач“ ја освои Жељко Јоксимовиќ.

За „Најдобар спот на Балканот“ беше прогласен спотот на Ана Виси од Грција, која воедно ја доби и наградата за „Придонес за развивањето и популаризирањето на музиката на Балканот“.

Романската група Akcent ја освои наградата во категоријата „Најдобар дует/група“.

„Љубави“ – Жељко Јоксимовиќ

„Stin Pira“ – Ана Виси

„Крај“ – Каролина Гочева

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.